Џихадистите го мразат нашиот начин на живот. Го сметаат за бласфемија (богохулење), загадено со престапи и изопачености. Се борат против нашите навики, против нашите вредности и удираат во најпосетените места.
Само фудбалот, на некој начин бега од ова монструозно размислување. Во тоа лично се уверил Даниеле Мастроџакомо, новинар на италијанска Република, кој две недели бил заробен во рацете на Талибанците заедно со водичот и возачот кои го придружувале во југот од Авганистан.
Партии мал фудбал, пишува новинарот, се играле речиси секое попладне во руралните места, заштитени со огромни ѕидини како да се замоци. Таму новинарот и другите двајца биле држени како затвореници.
„Мислев дека ова е исклучок, за да пред нас странците, особено од Западот, предизвикаат некаква реакција. Згрешив. Дописникот на англискиот канал на Ал Џазеира, Ханза Мохамед ми потврди дека фудбалот ги омекнува дури и најрадикалните исламисти“, вели Мастроџакомо.
Фудбалот како спорт се игра и на територијата контролирана од ал Шабаб, терористичка формација која што неодамна ѝ се придружи на Исламската држава.
Во градот Бараве, југоисточно во Авганистан, борците често доаѓаат на терените пред 16 часот. Ги соблекуваат униформите и облекуваат маици, но строгите правила на шеријатот наложуваат лицата и натаму да бидат прекриени, а долу да се носат панталони под колената до самиот зглоб.
Секоја партија треба да заврши барем 15 минути пред часот за молитвата. Жените се исклучени од настанот и мора да останат далеку од терените за фудбал. Забранета е и прославата. Како за оние кои гледаат, така и за играчите. Дозволено е само традиционалното „Алах Акбар“, кој може да биде манифестиран како заблагодарување.
Да се соблече маицата, макар на шега, како прослава на голот што е редовна слика во западните земји, се казнува со доживотна забрана за играње фудбал. Лизгачките стартови се казнуваат преку употреба на физичка сила. Не смеат да играат луѓето постари од 40 години, затоа што сметаат за стари.
Командантите се исклучени од партиите, и тие само ги гледаат луѓето кои играат, затоа што евентуално нивно учество само „би ги дискредитирало“ во редот на борците. На крајот од мечот, се соблекуваат маиците, се облекуваат униформите и панцирите и се враќа на фронтот.