Едгар Давидс, Џенаро Гатузо, Серхио Рамос, Пепе...Сите овие се нула за Илија Донов од Силекс, кој на играч на Вардар му влезе со две нозе, но ја промаши и топката и нозете. Многу лошо. Малку е црвен за ваква малоумност.
Запознајте го крамањонецот на денот, месецот и годината кој се крие во Бразил. Не се буни за црвениот, а после ваков малоумен старт, не треба да се буни и ако го стават на ладење едно 20 меча. Kромидарник со тапија.
Во аргентинскиот фудбал падна скроз необичен гол и тоа во Куп финале, вреден трофеј за тимот на Патронато против Талерез. Го постигна Тиаго Банега. Од борба за топка меѓу двајца, се случи голчиште кое го изненади голманот.
Дечки на стадион во Англија е забрането да се симнувате на терен и тоа уште од времето на Маргарет Тачер, не знам колку пати треба да ви се каже. Не слушате? Океј. Сега чичо ќе ви покаже како во време на Ферги се играше тука фудбал.
Она што не ни е јасно во видеово од аргентинскиот фудбал е зошто малоумников се решил воопшто да игра фудбал, кога можел да одбере некој спорт со кршење нозе, ако постои такво нешто воопшто.
Фикајо Томори е 21 годишен Канаѓанец од школата на Челси. Дефанзивецот се калеше во помали клубови, а има изгледа добро се искалил бидејќи Сините сезонава му дадоа 12 шански за настап на сите натпреварувања.
Во неможност да откриеме кои се овие и каде се случило ова, го објавуваме гифот на денот и остануваме полни со прашалници со тронка надеж дека можеби ова е монтажа.
Кога во кариерата ќе немаш ниту една дамка, екцес, намерен фаул, инцидент, скандал, а си одиграл повеќе од 600 меча за клуб и репрезентација, тогаш значи дека си Паоло Малдини. Едноставно единствен.
Поранешниот фудбалер на Њукасл и Челси, сега член на кинескиот Шангај Шенуа толку се занесе на еден натпревар што се судри со судијата во директен дуел. Претпоставуваме кој го извлече поделебелиот крај.
Фудбалот како занимлива игра ги привлекува и радикалните исламисти, кои го играат и покрај тоа што велат дека е строго забранет затоа што „е ѓаволска работа од западот".
За време на 1-минутното молчење пред некој спортски настан, судиите и играчите стојат едни до други на средината во знак на сеќавање на одредени поединци. Во фудбалската историја постојат неколку средби на кои 1-минутниот молк не бил баш таков.
21 годишниот Ентони Касерес на натпревар од австралиското првенство ни го покажа најпожртвуваниот потег во фудбалот. Со овој обратен лизгачки старт успеа да стигне прв до топката и за среќа да не изеде крампон во глава.
Овој лизгачки старт не е толку важно што спречи удар кој тешко дека ќе завршеше во гол, туку тоа што му донесе три бода на италијанскиот четвртолигаш Вигор Ламеција на дуелот против Тутокуојо.