Што кога 1-минутниот молк не е пред мечот?

За време на 1-минутното молчење пред некој спортски настан, судиите и играчите стојат едни до други на средината во знак на сеќавање на одредени поединци. Во фудбалската историја постојат неколку средби на кои 1-минутниот молк не бил баш таков.

Мундијалот во '74-та ќе остане запаметен по раѓањето на тоталниот фудбал (денес Барса), кој го играла холандската репрезентација, по големиот неуспех на Јужно-американските селекции, по реткиот потег на Мвепу Илунга, по голот што го прими Италија од Хаити, по доцнење на еден од натпреварите поради недостаток од корнер знаменца итн.
 

Кога дошла кулминацијата на Мундијалот во Германија, од далечната Аргентина стигнала тажна вест: На 1. јули како последица од срцев удар починал претседателот на оваа земја Хуан Перон. Два дена подоцна почнале полуфиналните средби.

На 3. јули во попладневните часови на стадионот Валдштадион во полуфиналето играле Западна Германија и Полска. Мечот бил познат како The Battle of Watter (Водената битка), затоа што теренот бил поплавен од поројните дождови во Франкфурт и било неизвесно дали ќе започне воопшто. Поради чудниот систем на овој Мундијал, двете селекции имале по 4 бодови и победа ги носела директно во финалето.

Во 10’ минута од мечот, судијата не му дозволил на Ули Хенес да изведе еден аут, затоа што за тој момент бил закажано 1-минутно молчење на четири мечеви од Мундијалот. До денес не се знаеш зошто организаторите се решиле на таква одлука, наместо молкот да биде пред натпреварите како што било и во далечната 1958. година по авионската несреќа на Манчестер во Минхен.

Истото се случува и среде другите натпревари од Мундијалот:

Југославија - Шведска (во Дизелдорф):

Бразил - Холандија (во Дортмунд):

 

Источна Германија - Аргентина (во Гелзенкирхен):

Во април 1989. година, на миланскиот стадион Сан Сиро се играше легендарниот натпревар во кој Милан со 5:0 го згромил Реал Мадрид во полуфиналето на КЕШ. Мечот се одиграл само четири дена по трагедијата во Хилзброу (15. април 1/2 финале од ФА купот меѓу Нотингем Форест и Ливерпул кога во стампедо загинаа 96 навивачи на Ливерпул).

Една минута по стартот на дуелот судијата ја прекина играта за 1-минутен молк (или 1-минутен аплауз како што е утврдено во Италија).

На 4. мај 1980 година почина „таткото на сите народи и народности" Јосип Броз Тито, првиот и единствен претседател на поранешна СФРЈ. На денот на смртта на Тито, државната телевизија директно го пренесувала мечот меѓу Хајдук Сплит и Црвена звезда. Во 41. минута од дуелот, тројца луѓе влегле на теренот и му ја соопштиле веста на судијата. Градоначалникот на Сплит, Анте Скатаретико на микрофон ја соопштил веста за смртта на Тито. Новоста ги шокирала гледачите, играчите и судиите (Златко Вујовиќ паднал на трева од неверување).

По говорот, играчите и судиите се собрале на центарот на теренот во знак на сеќавање на лидерот. По зборовите на официјалниот спикер: Нека почива во мир, 50.000 гледачи почнале да ја пеат песната „Друже Тито ми ти се кунемо".