Играчот од средината на Динамо откри дека нема да ја заврши кариерата, туку ќе игра во четвртолигашот Кустошије. До таквата одлука сериозно размислувал да ја напушти најголемата љубов, фудбалот.
„Тешко е со зборови да се опише низ што сè поминав од првиот позитивен тест до денес. Низ глава ми пројде сешто, како понатаму и што да правам, а секако дека ми падна на памет да го оставам фудбалот, но како поминуваше времето, така поминаа и недоумиците затоа што фудбалот е мој живот“, вели Адеми, кој искрено верува дека УЕФА може да му ја намали суспензијата.
Македонскиот репрезентативец се подготвува за нови предизвици. Не можел ниту да сонува дека еден ден терените на Лига шампиони ќе ги замени со оние четвртолигашките.
„Знам колку сите беа шокирани кога ми се случи ова. И сам бев во шок и долго не можев да поверувам. Сепак, позитивно ме изненади како реагираа луѓето околу мене. Пријателите, клубот, роднините, па дури и медиумите. Благодарам на сите што веруваат во мене, тоа ми е голем мотив да продолжам, а посебно би сакал да му се заблагодарам на мојот клуб што цело време е со мене“, истакна Адеми кој играше за Македонија во квалификациите за ЕП 2016-та.
Свесен дека четвртата лига е негова реалност, Адеми се спрема за нови предизвици. Знае дека нема да му биде лесно да се навикне.
„Видов за тоа и слушнав комбинации, но не знам конкретно ништо повеќе. Искрено, им препуштив сè на луѓето од Динамо и сигурен сум дека како и секогаш ќе најдат најдобро решение за мене. Сакам само да играм фудбал и немам ништо против да играм во Кустошија. Напротив, би прифатил и ќе давам сè од себе како што давав и во Динамо. Дали е ЛШ, ХНЛ или четврта лига, јас знам дека ќе давам сè од себе за победа. Четвртата лига сега е моја реалност“, констатира Адеми за Индекс.хр.