Добиваш на лото и го купуваш омилениот клуб

Сигурно некогаш сте се запрашале како би било сјајно оддеднаш да станете милионер, да живеете на Карибите и да станете сопственик на фудбалски тим. 58-годишен невработен Англичанец има многу да ви каже на таа тема.

Англискиот фудбал никогаш не останал без тимови од Велс. Кардиф и Свонси се редовни учесници во елитното друштво, а неодамна од густите грмушки на пониските конференции се појави и клубот Њупорт Каунти.
 
Приказната датира неколку години претходно. Сопственикот на Њупорт на прв поглед изгледал типичен англиски газда, локален богаташ со богатство од десетина милиони фунти. Меѓутоа изворот на богатството во профилот на Лес Скединг е шокантен.
 
Никаква трговија или индустрија, нафта или бродска компанија, туку изворот на парите е лотаријата Еуромилион. Една ноемвриска вечер во 2009. година, 58-годишниот невработен шумар по професија се вратил дома од продавница и дознал дека освоил премија. Колабирал кога сфатил дека добил 45,5 милиони фунти.
 
Впечатливо, Скединг до тогаш не можел да излезе од неподносливата судбина на тешките животни ситуации. По разводот од поранешната сопруга се преселил од Бристол во маргините на Њупорт и во Велс нашол жена 20 години помлада од него. Пет години претходно му октриле рак на тестисите, а тој без успех барал работа, но и таков не се обесхрабрувал и секоја недела купувал лото. Имал среќа што во моментот кога неговата сметка била празна, семејниот буџет го држела сопругата Саманта, па како така животареле.
 

Кога добил на лото, заборавил веднаш на работата механичар и возач на бензински цистерни. Се освежил со нов Ролс-Ројс Фантом, купил вила на Барбадос врата до врата со Вејн Руни и Гари Линекер и им поделил извесна сума на трите деца од првиот брак, но не и на поранешната сопруга. Меѓутоа, богатството не го сменило духот на обичниот англиски работник. Скединг и натаму продолжувал да пазари евтино, останал верен и доследен на старите пријатели и што е најважно уште го сака фудбалот, за што зборувал со Вејн Руни во еден бар на Барбадос.
 

Инвестирал пари во Њупорт Каунти, екипа во чиј борд на директори ќе влезе и Сединг. За разлика од сопругата, главата на семејството Скединг никогаш не ја напуштил дисциплината на рано станување.

„Да живееш луксузно, да играш голф, да пушиш скапи пури и да пиеш виски, сè е тоа добро, но верувајте ми здосадува. Сега имам цел, да станам сабајле и да се вклучам во работата на клубот", вели Лес Скединг.

Основан на почетокот на 20. век, Њупорт хаотично скокал од четврта до втора лига и назад. Редок празник во историјата на клубот бил кога го освоил Кипот на Велс и заиграл во Купот на победници на Купови во сезоната 1980/1981 кога стигнал до четвртфиналето. Стечајот и ликвидацијата во 1989. година го натерала клубот да се реинкарнира и го добива прекарот „Прогнатите" затоа што менувале неколку стадиони евтини за изнајмување.

Од првите денови на Лес Скединг во август 2012-та, клубот почнал постепено да расте.
„Се надевам дека навивачите не очекуваат од мене да извадам сè од џебовите, затоа што тоа ќе биде нездрава ситуација за клубот. Не знам како реагираа на моето именување, но мислам дека ќе сфатат дека сум обичен човек од народот“, рекол тогаш Лес.
Не трошел многу пари, го продолжил договорот со најдобрите играчи, платата стигнувала на време и како резултат на тоа клубот играл плејоф во Лига 2, но трет пат по ред не успеал да се пласира во повисок ранг. Меѓутоа, плановите на Скединг станувале посеиозно. Во 2013-та, Њупорт го крена пехарот во плејофот и се пласираше во повисок ранг.
 
Во август минатата година, Сединг го напушти клубот под изговор дека сакал повеќе време да поминува во домот на Барбадос. Њупорт во моментов е во Лига 2, а сопственици на клубот се навивачите како акционери.
27 јануари 2016 - 13:30