Шансите и можните противници во квалификациите за Олимпијада

И покрај тоа што немаме ниту една победа на Европското првенство во Полска, шансите за Рио не ни се загубени. Во живот не држи деветтото место од Катар, а за да ни се исплати, има листа од 6 селекции кои посакуваме да го освојат златото на 31 јануари.

Од ЕП Полска две екипи добиваат дополнителни места на квалификацискиот турнир кој се игра од 7-ми до 10-ти април. Тоа ќе бидат двете најдобро пласирани што не биле во Топ 8 на Мундијалот во Катар.

Доколку Норвешка стане Европски првак ќе оди директно на Олимписки игри и ќе се отворат место за три селекции. Но таква комбинација не ни одговара бидејќи би паднале во тешка група.

Што и одговара на Македонија?

Бидејќи Франција е квалификувана во Рио како Светски првак, а Катар како азијски, учество на квалификациите обезбедуваат земјите од 3-та до 8-ма позиција од последното Светско. Ако една од овие селекции стане Европски првак, нас ни прави место за учество во квалификации за Рио.

Тие репрезентации се: ФранцијаПолска, Шпанија, Данска, Германија, Хрватска и Словенија, но бидејќи Словенците се елиминирани на ова Европско ќе навиваме за 5 селекции да го освојат златото.

Кои ни се можни противници во квалификациската група за Рио?

Ако Франција стане Европски првак, финалистот оди директно на Олимписки игри, а ние би играле во група со Полска. Ако Пољаците бидат прваци, тогаш сме во потешка ситуација бидејќи ќе треба да се соочиме со Шпанија

Македонија ја брка позицијата број 7 во Tournament 1. Останатите два противника ни се: Чиле како трет во Пан Американските игри (Бразил се квалификува како домаќин, а Аргентина како првак) и вицепрвакот од Африка (ТунисЕгипет, Алжир или Ангола). 

На квалификациските турнири за Рио ќе играат 12 селекции, а пласман на игрите обезбедуваат првопласирани две земји.