Со навивачите на Манчестер Јунајтед може само да сочувствуваме. На последните 11 домашни натпревари екипата ниту еднаш не дала гол во прво полувреме. На 10 од тие средби резултатот после првиот дел беше 0:0. Таа хегемонија ја наруши само Норич на 19 декември (1:2).
Последниот гол на Јунајтед на Олд Трафорд во првиот дел? На 30. септември против Волфсбург кога Хуан Мата реализираше пенал. Ситуацијата е дојдена до таму што навивачите со право би барале клубот да им врати пола од трошоците за сезонски карти.
Во Премиер лигата, Јунајтед е 5-ти, но на 23 меча постигна само 28 голови колку што дал и претпоследниот Сандерленд. Според статистиката на Whoscored.com, екипата на Ван Гал има по 11,2 шанси за гол по меч во просек и според тоа е на 15-то место.
12. септември, мечот против Ливерпул (3:1) на кој Црвените ѓаволи сите три гола ги дадоа во второто полувреме.
5. декември, Јунајтед - Вест Хем 0:0.
19. декември, 1:2 пораз од Норвич.
2. јануари, 2:1 против Свонси.
9. јануари, мечот од ФА купот против Шефилд Јунајтед (1:0) со гол на Руни во 90-та минута од пенал кога го спаси Ван Гал.
Споредбата во однос на головите на домашен терен со екипите од првите четири лиги во Англија тука.