Враќај се Ферги, на Олд Трафорд нема голови

Навивачот кој задрема на Олд Трафорд по се изгледа дека треба сосема да го разбереме после оваа статистика која е доказ дека Манчестер Јунајтед не е повеќе оној Манчестер кој го знаеме.

Тој што ја направил математикава тргнал од една проста статистика, да види на кој стадион сезонава во Англија паѓаат најмногу голови и вели вака:

На Олд Трафорд сезонава на 10 меча паднале 16 голови, од кои домаќините постигнале 12, а примиле 4 или во просек мизерни 1,2 постигнати голови по натпревар. Срамот е најголем бидејќи имаат најслаба ефикасност во конкуренција на сите 92 екипи во првите четири лиги.

Од напаѓачите Вејн Руни на 16 меча постигнал 3 гола, Мемфис Депај на 13 средби постигнал 2 гола, а Ентони Мартиал на 15 натпревари има 5 гола.

Една од изјавите на Луи ван Гал:

„Има натпревари на кои уживав, а има натпревари на кои ми е многу досадно или сум лут бидејќи не успеваме да ја дезорганизираме одбраната на противниците, но тоа е фудбалот“.

Моментот од средбата против Шефилд Јунајтед во ФА Купот е оправдан.

 

12 јануари 2016 - 13:34