Еден од главните планови на газдите на ПСЖ е да го пронајдат идниот Ибрахимовиќ и еден ден да го имаат во прв тим како лидер. Поради тоа праќаат скаути во регионот на Париз од каде излегоа многу таленти како на пример Погба.
Но францускиот шампион верува во едно друго дете, од друго место, а тоа е наследниот на славниот Веа, односно неговиот 15 годишен син кој игра за тимот на ПСЖ за играчи до 17 години.
Името му е Тимоти, роден е во Њујорк и сонува еден ден да го носи дресот на првиот тим на ПСЖ, да ја продолжи доминацијата на оваа екипа во француското првенство и да се докажува во Лига на шампиони.
Иако има 15 години, Тимоти е висок 184 см, се калел во Њујорк Ред Бул, но од пред година и пол е дел од тимот каде играше татко му пред да замине во Милан во 1995 година. На дебито за клубот каде има постари од него по две години постигнал хет-трик.
Весникот Le Parisien пишува дека луѓето во клубот не штеделе пофални зборови за него, а тоа го потврдил и неговиот горд татко.
„Не го кажува ова бидејќи ми е син, но Тимоти има големи квалитети. Брз е, има чувство за игра и за гол и ги слуша насоките на тренерот. Иако знае за мојата кариера, не верувам дека ќе му тежи моето презиме. Секогаш му велам дека талентот не е доволен и дека ќе мора да работи напорно“, вели Жорж Веа, Златна топка на Милан во 1995-та.
Тимоти игра и за селекцијата на САД У17 и е трето дете на славниот Веа. Првите два не успеаја во фудбалот, но тој заедно со ПСЖ верува дека ќе биде неговиот наследник.
Од малиов допрва треба да излегуваат видеа, а еве едно незаборавно од татко му против Верона 96-та.