Ако ме продадеш ќе ти дадам гол

Новиот напаѓач на Болоња му даде гол на Сасуоло веднаш штом го продадоа. Тоа му е редовна пракса против поранешните клубови.

Тренерот на Сасуоло Еузебио Ди Франческо во пресрет на мечот против Болоња изјави дека со задоволство сака да го види на терен Серџо Флокари, но веројатно после натпреварот сфатил дека погрешил.

На новиот напаѓач на Болоња му беа потребни само 33 минути за да го совлада својот довчерашен клуб кој не го поштеди од радост за голот. Флокари беше две години во Сасуоло, а од овој месец е член на Болоња.

За италијанскиот напаѓач одмаздата против оние кои го продаваат е редовна пракса и во минатото. Во сезоната 2013/2014 на 15 настапи за Сасуоло постигна само еден гол и тоа против Лацио, тимот кој го продаде во јануарскиот преоден рок.

Истото им го направи на Римјаните и кога го пратија на позајмица во Парма и тоа со два гола. Флокари во Рим пристигна во јануари 2010-та, а кога го облече дресот на Лацио ја казни Џенова, екипа од која всушност си замина.

34 годишниот напаѓач кој смени 7 екипи во Серија А е фудбалерот кој најмногу ги казнува своите поранешните екипи. Сезоната во Серија А постигна 5 гола на 9 средби и во просек постигнува погодок на секои 95 минути. Подобар просек од него има само Игуаин.

Голот против Сасуоло на 2:45

27 јануари 2016 - 15:23