Рошин Марфи е прејака за да добие кансел

Успехот на нејзиниот албум е пораз за транс-лобито што се обиде да ја фрли во заборав.

Памела Андерсон е револуцијата на Париската модна недела

Не требаше ни два збора да каже, за да биде изјава - се појави без шминка, и сега сите за тоа зборуваат.

Женската спална соба како културолошки феномен

Во 1977, Анџела Мекроби и Џени Гарбер ја идентификуваат „културата на спалната соба“ како богата суб-култура вредна за истражување. Набљудуваат како девојчињата се социјализирани да го поминуваат слободното време во нивните соби, заштитени од криминал, опасности и сексуална непристојност, додека момчињата се шлаат по улици и прават глупости.

Емајлирање - викторијанскиот Инстаграм-филтер

Има нешто тивко во викторијанскиот начин на шминкање - облеката им е богата со детали и материјали, но шминката е минималистичка. Во исто време се појавува нешто спротивно, а за да го постигне, Лиса Елдриџ треба да се фрли во сериозна потрага по состојките.

Како Шанел-костимот стана симбол на класни и родови политики

Синоним за париски шик, за баби што им оставаат модни наследства на внуките, на женственост и класика. Го имаше на денот на атентатот на Кенеди (облечен на Џеки), го имаше на „Барби“. Се смета за револуција во женската гардероба и истовремено поттикнува дискусии за родот и класата.

Концептот на self-care не е од денес, од Аристотел е

Чувањето на себе воопшто не е нов концепт - го има со милениуми. Сепак, она што е селф-кер денес, не изгледало така 350 години п.н.е. Како и модата и уметноста, му влијаат политичките движења во општеството, научните откритија, стабилноста на економијата и други нешта.

Ултра-богатите никогаш нема да бидат свесни за класните разлики

Интернетот предизвика да заборавиме дека богатите и славните баш и не се како нас.

Во шаренилото на Ком де Гарсон

Има ли смисла? Не, формата секако дека нема. Ама можеби е увид во трендот за бои за пролет/лето 2024.

Од случајно Старбакс благо, до Мишелин десерт

Ќе забележите дека има и едно еспресо во комбинацијата. Другото кафе слободно може да се вика сладолед-торта, ама токму тоа и ќе заврши работа.

Сега и вие можете да имате нозе до врат

Ви фали само еден мал, глуп детаљ.

Париска модна недела

Завршува модниот месец, а во Париз ни покажаа како ќе се движи светот од пролет натаму. Има Муглер, има Мезон Марџела, Луи Витон, Миу Миу, Сан Лоран, Шанел и Диор и Вивиен Вествуд, и сè што треба да знаеме. Има и работи што нема потреба да ги знаеме, ама ред е да се погледне. Париз, пролет/лето 2024.

„Стартер-жената“ на Илон Маск

„Да беше вработена ќе те отпуштев“, „Фарбај се платинесто-русокоса“ и ултиматум пред развод - и тоа каков.

Пиење над 3 литри вода веројатно нема да помогне за слабеење

Ако се обидувате да јадете помалку и да изгубите тежина, пиење претерано многу вода може да не е најдоброто решение.

Што ќе носиме кога ќе залади?

Едното е „тивок луксуз“, ама тоа веќе почнавме да го гледаме.

Правилото од 12 секунди што „ве лаже“ да бидете попозитивни

Позитивниот став е суштински потребен за физичко и емотивно здравје. За жал, знае да ни бега, ама па има едно „12-секунди“ правило што одма те прелажува и - функционира.

„It-Girls“ се враќаат во хоророт

It Girl - терминот од пред 20 години за девојки за кои се зборува, кои диктираат мода и ги викаат секаде затоа што се интересни. Ги имаше по хорори во 2000 и некоја, ги има сега пак.

Мајкл Гамбон, „Вујко Вања“, на сцена и зад сцена

На 7 мај, 1988, Мајкл Гамбон го снимаат на проба за „Вујко Вања“ на Чехов.

Научете се да се шминкате

Живееме во време кога од една страна се фали и обожува шминката, а од друга се инсистира дека секоја жена е убава и без шминка. Плус, ова е време кога не можеш така лесно да се истрчаш и да кажеш „аман, нашминкајте се, за никаде сте“, без да предизвикаш масовна онлајн расправа.

„Правилото 10/30“ за посреден живот

Мантра која бара од тебе одговорност, а притоа мотивира да се заврши задачата.

Кој е ова?

И што е поважно, за колку време ќе ја видиме фризурава масовно раширена по планетата?

Да умреш од убавина

Идеалната жена во 19 век има бледа, речиси провидна кожа, заруменети образи, црвени усни, бели заби и блескави очи. Слаба е и има елегантна клучна коска. Може и да е склона кон онесвестување. Погодете зошто.

Пазар на невести

Може звучи симпатично, метафорично, како „Пазар на суета“, како наслов за чик-лит роман, ама не - точно тоа што пишува, тоа е.

Британија може да ја смени возраста за согласност за секс

После обвинувањата за Расел Бренд, дека бил во врска со 16-годишна ученичка, се појавува дискусија во јавноста во Велика Британија, каде што возраста на која личност е способна да одлучува сама за врски и односи е 16 години.