Социјалните мрежи ни го прават мозокот пуканки

Тоа е кога не можеш ни 5 минути да погледаш филм или серија, или да зачиташ книга, без да поскролаш по Инстаграм. И не само Инстаграм.

Називот popcorn brain доаѓа од начинот на кој мозокот скока од едно на друго и не може да се задржи на исто место, како пуканки во микробранова печка. Ова е долго време проблем, но има земено поголем замав откако социјалните мрежи ни го опседнаа секојдневието, како платформи креирани да создадат зависност и да ни го дерегулираат мозокот за профит. Ова го прават со нотификации, значки, брзодвижечки видеа, плус лајкови и коментари за брзо частење со допамин. Целата таа „бучава“ прави телото и мозокот да се нонстоп во тревога и го тера умот да скока од една на друга работа, создавајќи предизвик од фокусирањето на било што на подолг временски период.

За секирање е, затоа што ја поткопува општата добросостојба - се нарушуваат хормоните на стресот и ниовата на анксиозност. Навиката постојано да скроламе и да проверуваме телефони лесно станува зависност, а најјасен знак за ова е расеаното внимание кое суптилно, но значително ни влијае на животот. Проблемот е во тоа што е толку нормализирано во нашата култура и толку сите го прават истото што не личи на проблем.

Постојат минимум три начини да го залечиш распуканиот мозок. Има нешто што се вика „продолжено внимание“, како кога бевме мали и можевме во некоја активност да се изгубиме со часови. Сега би ни требало време и вежбање, но посветувањето време на нешта што бараат непрекинато внимание помага мозокот да изгради нови патеки.

Медитација - често може да биде лек за мозок-пуканки. Медитацијата нè учи внимателно да го водиме вниманието на одмор кога нам ни одгвора.

Активност што бара внесување, а нема екран - клучот овде е да се остане комплетно присутен на било каква активност, без разлика дали е читање книга, или боење во боенка за возрасни, или било какво друго хоби. Би можеле ли да се внесете во нешто 2-3 часа, со исклучен телефон?

Вежбање да не правиме ништо неколку моменти - само да се биде присутен. Да се види кои импулси и сензации се појавуваат. Прво може да биде чудно и може да те преплави чувство дека имаш милион задачи за завршување, но на крај може и да се изненадиш од мирот што може да следи.

И сериозно, опсесијата со скролање како да достигнува врв на иритантност. Може треба да се проба малку ништо, макар на некоја минута.

17 март 2024 - 22:03