Доста со тоа „можеш сè да постигнеш“

Има една глупа фраза, што особено на жени им се упатува, со најдобра намера, особено кога се принудени да бираат меѓу важни животни одлуки. „Можеш сè“. И дете, и кариера, и брак, и друштво, и пари, и одмори и домаќинство.

Односно, да, можеш. Ама сте пробале ли успешно сè да постигнете? Поточно, сте пробале ли постојано, без престан, сè да постигнувате со денови и години?

Ако да, колку сте уморни, од нула до издишан балон, паднат покрај контејнер на враќање од детски роденден во игротека?

Затоа е тука Мишел Вулф да објасни дека не може.

И сосема е во ред да не може.

28 март 2024 - 13:20