Векови после битката на Кристин де Пизан против мизогинија, доаѓа Тејлор Свифт

За нејзините дела, Тејлор Свифт наоѓа инспирација од жени од минатото, меѓу кои и Клара Боу и Ребека Харкнес и баба ѝ Марџори Финли која била оперска пејачка. Од овие причини и Џоел Абрамс од The Conversation се прашува што би мислела Свифт (сега 34-годишна) за француската писателка Кристин де Пизан.

Во 15 век, Кристин која во академија е позната по личното име, затоа што „де Пизан“ означува од каде е и веројатно немала презиме, исто така се мачела со сељаци, како Свифт во нашиов век. Се смета дека е првата Французинка што заработувала од пишување и ја напишала книгата „Книга за женскиот град“ во 1405 за да ги предизвика негативните стереотипи за жените во Средниот век. Таму нуди повеќе примери на остварени жени низ историјата - кралици, светици, воини и поетеси.

Нејзините текстови се сè уште релевантни и се користат во многу курсеви за жени и родови студии. Просто е чудо како ги препознавала ефектите на нападите на женскиот интелект и достигнувања кои можеле и да бидат заборавени да не биле жените што ги предизвикувале стереотипите.

Кристин де Пизан е родена во Италија, но главно животот го има поминато на кралскиот двор во Франција. Татко ѝ бил дворски лекар и астролог и сакал таа биде едуцирана исто како нејзините браќа. Имала три деца со сопругот кој бил француски кралски секретар со име Етиен де Кастел и кој умрел кога таа имала само 25 години.

Била вдовица соочена со растење и финансиско издржување на своите деца и почнала да создава дела што им се допаѓале на елитите, што довело до хонорари. Пишувала на различни теми, меѓу другото и поема за Јованка Орлеанка и нејзиниот успех на бојното поле.

Сепак, нејзино најамбициозно дело е The Book of the City of Ladies.

Обесхрабрена од целата таа мизогинија за која читала, Кристин весело тврдела дека добила визија од три дами: Разум, Правичност и Правда, кои ѝ го нарачале проектот. Собирајќи приказни за достигнувањата на жените, тргнала да гради алегоричен град каде што жените и нивните успеси ќе бидат безбедни од навредите и клеветите на мажите.

Во „Градот“ специјално зборува за „Поплаките на Матеолус“, од еден долг есеј од 1295 што го напишал свештеник од Булоњ сур Мер. Полн е со омраза кон жени, но сепак, Матеолус најмногу мака имал со неговите сопруги.

„Секој што сака да се доведе на олтарот на бракот ќе има многу за трпење,“ ќе се пожали тој, додавајќи дека маките на бракот се полоши од маките во пеколот. Жените ги опишува како „секогаш конфликтни, сурови и незауздани, ужасно перверзни индивидуи што ги имаат измамено највеликите мажи на светот.“

И Матеолус пустиот не бил сам. Имало и други популарни текстови во кои жените се љубоморни и не може да им се верува, па и такви кои храбро верглаат неточни информации за женската биологија.

Со толку многу мизогинија на сите страни, Кристин препознава колку им било лесно на жените да поверуваат во тоа што се зборува за нив:

„Не е ни чудо што жените губат во војната против нив, кога на завидливите клеветници и злите предавници што ги критикуваат им се дозволува да нишанат со сите оружја на мети без одбрана.“

Ги препознава и причините за оваа раширена мизогинија: Жените што се попаметни и пољубезни од мажите се закана и предизвик за етаблираниот патријархат на западното општество.

Како и Кристин, Свифт е надарена авторка која со пишување заработува од тинејџерска возраст. Има изградено сопствен град за да ја заштити нејзината репутација, музика и самодоверба,.

Во документарецот „Мис Американа“, Свифт се отвора за битката со медиумите, што пак ја довела до нарушување во исхраната. И опишува како се труди да се „депрограмира“ од мизогинијата во сопствениот мозок.

Има тужено диџеј што ја допрел неприкладно и има добиено на суд, што ја стави меѓу „тие што не молчат“ за време на #MeToo. Во 2021 почна и да си ги враќа текстовите и музиката со преснимување на старите албуми како „Верзии на Тејлор“ откако оригиналните мастери ѝ ги продадоа без да дозволи.

Во нејзините песни, Свифт често се конфронтира со мажите кои го отфрлале нејзиниот талент и интелект. Нејзината песна Mean се верува дека е за критичарите што нејзиниот талент го доведувале во прашање како Боб Лефсец, кој имаше напишано дека не знае да пее и дека си ја уништила кариерата после настапот на Греми наградите во 2010.

„Еден ден ќе живеам во голем град,“ одговата Свифт во песната, „а ти само ќе си останеш зол.“

Во заклучокот на „Книгата за женскиот град“, мисијата на Кристин де Пизан е исполнета и ги кани нејзините читателки да ѝ се придружат:

Сите што сакате доблест, слава и фина репутација сега може да се вгнездите во неговите ѕидови, не само жените од минатото туку и тие од сегашноста и иднината, затоа што ова е втемелено и изградено да ги прими сите жени што заслужуваат.“

14 март 2024 - 14:40