Зошто слободното време сè уште ни бега?

Во однос на продуктивноста имаме многу напреднато во последниов век. Зошто тогаш луѓето сè уште работат толку напорно и толку долго?

Сработеното по работник се има зголемено за 300% меѓу 1950 и 2018, само во САД. А стандардното работно време сè уште е, исто како во ‘50-те - 40 часа неделно, исто како кај нас. Таму работната година брои 1767 работни часови, во споредба со 1354 во Германија, која многу се разликува поради достапното време за одмор.

Можно е Американците и да се научени така, ама останува прашањето - нели напорната работа треба да се награди со слободно време?

Економистите имаат теорија за овој статус кво и го сметаат за избор: Луѓето сакаат повеќе пари, па приоритет им е работата наместо слободното време. Сепак, порано често претпоставувале дека човечката потреба за „уште ствари“ со тек на време ќе биде исполнета, па така ќе изберат повеќе слободно време.

Еден од најславните економисти на 20-от век, Џон Мејнард Кинс предвидел во 1930 дека за еден век, нормалната работна недела ќе се намали на 15 часа.

Гледаме дека не е така. Излегува дека потребите и желбите на луѓето не се исполнети, потрошувачите сакаат и набавуваат уште, новото светка и чини пари и така натаму во маѓепсан круг. Во општество преплавено со трошење, да не произведуваш или да консумираш личи на потрошено време.

Останува и фактот на присилен труд - луѓето што работат по 40 часа неделно ги работат и од што мораат - има сметки, здравствено, пензиско и заштеди. Некогаш, кога работодавачите биле без осет, луѓето се бореле за 40-часовна работна недела, ама тоа е време без компјутери, машини и кога само еден вработен во семејството заработувал доволно.

Со оглед на тоа што денес парите дома често ги носат двајца, излегува дека 80 работни часови не се доволни за луѓето да заклучат дека е „време за слободно време“.

Со децении ова се прифаќа како правило и „така стојат работите“, дека е неизбежно. Како да е невозможно општеството да фати поинаков правец, а сепак, намалувањето на работната недела од пет на четири дена може да отстрани голем дел од притисокот на преработените семејства.

Ваквите промени бараат политичка акција, не само човек сам да одлучи дека ќе постигне подобар баланс меѓу работата и слободното време. Идејата дека зголемената продуктивност која доаѓа од подобар баланс не е само романтична или сентиментална - Кинс ја смета за комплетно разумна.

Слободни, а финансиски стабилни луѓе повеќе трошат.

14 март 2024 - 14:12