Како Холивуд дозволи Ширли Темпл да игра 3-годишна куртизана?

До 22, Ширли Темпл толку се има изнаработено, што оди во пензија. Работи од 3-годишна возраст, се има соочено со педофили, а кога расте и добива искуство и способности, плус изглед, сè уште ја ангажираат за наивни, детски ликови.

Ширли Темпл работи од дете, во еден Холивуд што нема многу осет како треба да изгледаат некои работи и дозволува дури и хиперсензуализирани тодлери. Во текот на детството се обидела да пријави со каква злоупотреба се соочува на снимање, но мајка ѝ, која ѝ била и фризерка бирала да не ѝ верува - што е малку злоупотреба во однос на блескава кариера и блескава сметка во банка (која патем, татко ти ти ја троши?) 

Овде нема осврт само на тоа, туку и на кариерата и животот на Ширли Темпл, начинот на исхрана, дури и тајните за убавина кога потпораснала.

Каналот е инаку рудник за фанатици за Стар Холивуд - авторката е Карин Алурд и прави видео-есеи за најголемите холивудски икони.

Претходно имавме за Дона Дрејк - Афроамериканката што го прелажа светот.

27 март 2024 - 00:00