Бумерска реченица што ги излудува миленијалците со деца

„Само чекај.“

Бумерите и миленијалците имаат различен пристап кон воспитувањето деца, и главно бумерите превртуваат со очи (минимум) на секое „кротко родителство“ или време што се дозволува пред екрани и слично.

Сè е ова нормално и очекувано. Ама има една реченица што бумерите баби и дедовци ја кажуваат, од која на миленијалците им се крева костата.

На англиски е Just wait.

На нашки е Чекај само кога ќе.

Чекај само кога ќе почне да оди.

Чекај само да прозбори да видиш што е незатнување.

Чекај само да тргне во школо.

Чекај ко ќе ти донесе некоја сељанка дома.

…Па ќе видиш.

Миленијалците се бунат дека „многу јасно дека ќе станува понапорно“ и дека да, сега само лежи и седи, ама кога ќе почне да лази ќе биде потешко, јасно им е. Ама ги нервира тоа занесување и мудрување што сака да каже „јас сум поминал/а“.

Сепак, бумерите општо не важат за лоши баби и дедовци, и не ни имаат негативни чувства кон етапите на растење што ги спомнуваат.

Проблемот е во фактот што ова се две генерации кои комуницираат прописно и немаат ни особена способност за тоа. Бумерите сакаат да делат совети, а миленијалците сакаат да тераат своја патека во животот. Бумерите сакаат да се потребни и да им се послуша советот, миленијалците се позаинтересирани за исправање грешки што ги забележале додека тие биле деца. И бидејќи тешко ги слушаат, бумерите со леснотија се фаќаат за она „Само чекај.“

„Јас навистина чекам, со возбуда, да дојдат овие работи и веќе ги имам прифатено потешкотиите што ќе ги донесат,“ вели Кетрин Гилен, новинарката што го посочува проблемов за PureWow. „Поминаа седум месеци и периодот со новороденче веќе ми е во магла, но се сеќавам дека имаше тешки лекции што требаше да се научат за кратко време. А вистината е дека уживам да го гледам моето бебе како се трансформира од компир што не комуницира, освен со плачење.“

20 март 2024 - 12:06