Пјерпаоло Пичиоли си оди од Валентино

Наскоро треба да го објават и новиот креативен директор.

Пичиоли е најнов во серијата дизајнери што се движат наваму-натаму, после Габриела Херст што ги напушти Клое, Метју Вилијамс од Живанши, Сара Бартон од Александар Меквин и Алесандро Микеле од Гучи.

„Најдлабоко сме му благодарни на Пјерпаоло што испиша важно поглавје во историјата на Мезон Валентино,“ изјави Рашид Мохамед Рашид, претседател на Валентино. „Неговиот придонес во последниве 25 години остави значителен белег.“

Пичиоли ја наследи Марија Грација Киури како креативен директор во 2016. Тој се заблагодари за „оставштината од љубов, соништа, убавина и човечност“ што заедно ги изградиле.

„Не сите приказни имаат почеток и крај, некои живеат како вечна сегашност која толку силно свети што не може да создаде сенки,“ вели тој во неговата изјава. „Во оваа компанија бев 25 години и 25 години постоев и живеев со овие луѓе кои се вткајани во оваа преубава приказна која е моја и наша.“

Пичиоли прв пат влезе во Валентино во 1999 како дизајнер на додатоци, а девет години подоцна беше назначен на креативен директор заедно со Киури, пред да преземе сам во 2016. Валентино со Пичиоли се подмладија и се фокусираа на модерни силуети и инклуззивни маркетинг стратегии. Во последните години го зацементира своето наследство играјќи со бои - целата есенска колекција за 2022 ја потопи во новата пантонска нијанса ПП Пинк и направи целосно црна колекција на последната Париска модна недела.

25 март 2024 - 00:00