Уште имаме работа

Месец на жената е, скоро се делеа ружи по фирми, ама затоа доказот дека уште имаме работа лежи кај еден сенатор од САД кој никако не можеше да свари дека жената пред него е пилот, па ја праша како е да се биде стјуардеса.

На едно сослушување на закон за боледување во САД, Лора Хејнор, пилот на Делта се претстави пред некаков одбор, каде што седи и републиканскиот сенатор Џин Дорнинк.

Таа вели:

„Јас сум жител на Минесота и пилот за Делта Ерлајнс од Минеаполис.“

Четири секунди откако Хејнор ја споделува својата професионална титула, Дорнинк вели:

„Можете ли да ми кажете како изгледа една типична работна недела за Вас како стјуардеса“.

Значи не поминало половина час, или неколку луѓе, па да се наврати да праша, иако и тоа би било глупо. До толку мозокот не може да му испроцесира дека е жена-пилот, што автоматски му преведува стјуардеса.

Почна мрморење низ салата, па за кратко го поправаат, на што се смешка, не сфаќајќи кај е проблемот.

Хејнор повторува: Јас сум прв офицер за Делта.“

Во тој момент, сенаторот се извинува и вели „Не знам зошто реков така“.

Ова предизвика реакции на интернет што главно се „Ние знаеме зошто рече така“, и еден куп примери споделени од жени што поминале низ истото.

„Моите родители беа адвокати и мајка ми не може да доброи колку пати луѓе претпоставиле дека му е секретарка на татко ми.“

„Мајка ми беше пилот. Кога бев мала и кажував што работи, луѓето ми велеа: ‘Мислиш, стјуардеса.‘

Една докторка на науки коментира дека предрасудата „има силни трансформативни моќи“, па докторките ги претвора во сестри, шефиците во секретарки, професорките во асистентки, а спортистките во навивачки. Додава дека влијае и на платите, дури.

17 март 2024 - 22:40