Излегоа првите слики од новиот „Битлџус“

Не само Мајкл Китон како Битлџус, туку и Кетрин О‘Хара се враќа, и Винона Рајдер. Нова е Џена Ортега која одлично се вклопува и Џастин Теро.

Мајкл Китон лани го репризираше и Бетмен, на големо задоволство на фановите, а сега се враќа како Битлџус во продолжение на култниот филм на Тим Бартон.

Се враќаат Винона Рајдер и Кетрин О‘Хара како Лидија и Дилија Диц, и Лидија има ќерка, Астрид која ја игра Џена Ортега. Теро ќе биде био-егзорцистот.

Оригиналниот филм ги имаше Џина Дејвис и Алек Болдвин во главните улоги и веројатно смееме да се надеваме дека ќе се појават макар на кратко, иако никој не ги спомнува сè уште. Дејството во продолжението се одвива децении подоцна со смрт во семејството и Тим Бартон само тоа го кажува и ништо повеќе.

„И ќе се случи нешто што ќе ги мрдне нештата.“

Враќањето на Китон во костим и шминка го опишува како „чудно, вонтелесно искуство“.

„Едноставно се врати во ликот. Беше страшно како за човек што не беше претерано заинтересиран за улогата. Беше преубаво за мене да ја видам екипата цела, но тој, како опседнат од демони, едноставно се врати во ликот.“

Ќе се појават и Моника Белучи, Артур Конти и Вилем Дефо.

Насловот е Битлџус Битлџус. После 35 години, на Тим Бартон не му штимало ни Битлџус 2, ни Битлџус 2024.

И реално ова најмногу одговара.

Доаѓа на 6 септември.

20 март 2024 - 22:52