Џејн Симор не се плаши од своите 73

Не ѝ е страв да личи на годините и да има лице што може да мрда. „Можам да играм многу помлада, а можам да играм и 85-годишна жена“.

Џејн Симор има 73 и задоволна е што си личи за годините и покрај негативноста што постои околу стареењето на жените, без разлика дали се во Холивуд или не.

„За повеќето актерки, традиционално кариерата завршува на 40,“ вели таа. „Многу жени особено, се кријат откако ќе наполнат 50 и едноставно се откажуваат.“

Но таа одбива да биде невидлива.

Се гордее со нејзината децениска кариера и продолжува да работи - последно во Irish Wish со Линдзи Лохан што неодамна дојде на Нетфликс. Во серијата Harry Wild е главна улога.

„Мислам, тоа е многу ретко, да имаш своја серија и драма - во случајов драма-комедија - на моја возраст. Тоа не се случува. А мислам дека тоа е затоа што не се плашам да изгледам како за своја возраст, или постара.“

Инсистира дека мора да има лице што може да се движи. Притисокот постои да изгледаш најдобро што можеш, но за неа тоа значи да изгледаш здраво. За овој став ја инспирира нејзината мајка која немала никаква пластична операција, не експериментирала со диети и не била многу фокусирана на изгледот. „Нејзиниот став, енергијата, желбата да ужива комплетно“ - тоа ја научило Симор грациозно да старее.

Вежба многу, се посветува на менталната добросостојба, јаде здраво и прави ексфолијација на кожата.

„Го чувам тоа што го имам.“

Неодамна пред Космополитен се отвори за нејзиниот одличен љубовен (и сексуален) живот, разговор за кој вели дека додека растела немало шанси да се случи, поради стигмата околу темата, поради стигмата врз менопаузата и грациозното стареење како жена додека сè уште се чувствуваш и се однесуваш како жена.

Што би сакала жените да знаат?

„Се важиш, имаш живот,“ вели Симор. „Дали сакаш да имаш односи со луѓето или не зависи само од тебе.“

20 март 2024 - 22:39