Меган Фокс за пластичните операции

Може некогаш објавува бизарности на Инстаграм, може ѝ е дечко Машин Ган Кели, ама на само, супер е да се слуша Меган Фокс.

После годините блок од индустријата, (пишувавме во Конечно, правда за Меган Фокс), конечно си ја враќа контролата, и без разлика што некогаш има проблематични изјави за носење некакви си чудни прстени што повредуваат кога ги вадиш, или што ни дава многу повеќе информации отколку што некогаш сме мислеле дека ќе посакаме (со некои крвови со тотално незанимливиот Машин Ган Кели што веројатно сè уште ѝ е дечко) - забавно е да се слуша кога ги дискутира сопствените пластични операции.

„Дај ми цицки како стриптизета од ‘90-те.“

Нејзината филозофија е дека, кога веќе легнува под нож и ризикува целосна анестезија, тогаш барем нека бидат цицки. 

Нека се гледа.

Има и ринопластика и ботокс и уште нешто.

И цели (неочекувани) протоколи околу операциите, до степен, да не се карал докторот со жена му тие денови.

И внимание, на една конкретна работа: Како тоа, секогаш кога некоја жена ќе ѝ искоментира дека е ваква или онаква, обавезно е тоа некаква гуру за божици и женски моќи, и како тоа секогаш излегува баш така?

26 март 2024 - 00:00