Пред неколку дена објавивме видео од авторката Ана Бучевиќ, која има канал на Јутјуб каде што дели совети за тие што ги интересира. А она што на нас ни се виде интересно беше „Себично е да нејќеш да имаш деца.”
Спојлер: Бучевиќ објаснува за едно писмо што го добила, од некоја жена што во женска група на Фејсбук се осмелила да каже дека одлучила да нема деца (Па со цел памет па, го нашла местото да објавува такви работи). Ана Бучевиќ ги моли сите жени што ја гледаат да, во превод, престанат да изводат и да трескаат глупости и дека секако си себичен, без разлика дали одлучуваш да се посветиш само на себе и да не родиш, или да родиш затоа што ти така сакаш.
Меѓу другото, спомнува и една грозна појава на која ниеден менталитет не е имун, освен можеби некои скандинавски земји (од таму па за ништо вакво никад не се жалат): мајки што малтретираат други мајки. Мајки на други мајки им викаат дека не се добри мајки. Мајки куцаат коментари на Фејсбук додека детето им е зашуткано некаде по дома за да ѝ кажат на некоја друга мајка таму некаде на интернет - дека не е добра мајка.
И ова има поджанр - ако некоја е згодна, дотерана, или барем ако ѝ се оцртуваат облините во паркови, зеленила и дизниленди - и таа е лоша мајка.
О, не знаевте.
Има еден куп жентурачи на интернет што обавезно имаат да кажат „курва” на секоја згодна, секси мајка што ќе ја начекаат.
Во најновиот случај, се работи за некоја американска телевизиска личност, Ејприл Џонс од шоу со наслов „Љубов и Хип-хоп” (никад чуле, и не е ни важно), која на нејзиниот Инстаграм профил објавила слика од нејзе и двете деца во Дизниленд.
Еве како е облечена:
Дали коментарите главно беа „Алал да ти е каква си после две родени деца”?
Се разбира дека не.
„Така ли се облекува мајка кога е излезена со децата и кога има други деца таму? Леле. Не ги носам веќе децата таму,” ветува една сељанка, на општа радост на останатите љубители на Дизниленд ширум светот, што не сакаат да газат по исти улици со сељанки.
„Па, детски парк е тоа, пичка му матер. Зошто мора да го носи тоа срање?” очајно се запрашува друга, вешто криејќи ги срамотните зборови со ѕвездички, кои ние во слободниот превод ќе ги игнорираме, со нејзиното совршено мајчинство загрозено од нечии рандом бициклистички.
Отишле и до таму да ја гњават што ги вози децата во колички, а имаат 2 и 4 години, само што веројатно ќе се согласите дека секој што решил да преора забавен парк од Дизниленд-величина со мали деца бил и повеќе од благодарен што му текнало на количката. Всушност, дете толку брзо се уморува и му се приспива што ти се чини дека до матура нема да ја фрлиш количката, но добро.
Се вклучуваат и следачи што ја бранат со логични и крајно едноставни аргументи од тип „нека се облекува како сака”, само што нивната бројка не ја засенува трагедијата на жените што чувствуваат потреба да се нафрлат на млада и згодна мајка, само затоа што е… најверојатно позгодна од нив.
Затоа што, тоа е жена што изгледа задоволно од себе, го покажува тоа, родила две деца што може да си дозволи (и со пари и со време) да ги носи во Дизниленд, ужива, расположена е, децата се среќни - и зошто тебе би ти засметало тоа освен ако не те потсеќа на тоа колку си ти далеку од тоа?
Имате огледала дома, искористете ги. А додека се децата среќни, здрави и исполнети - нивните мајки не се ваша работа.
Или како што ќе рече „лошава” мајка,
Има премногу работи заради кои можете да бидете среќни, па аман, бидете среќни.
Ј.