Меган Фокс: Колку е лесно да се уништи една кариера?

Имаше еден твит, со муабет од типот „Како може некој да се изглупира до степен да престане да биде секси?“ И твитот беше за Меган Фокс (и Машин Ган Кели, ама веројатно за него не мислеле дека е секси?).

Некој се потрудил да ја срочи кариерата на Меган Фокс во получасовна видео-биографија - од фактот дека е секс-симбол на 21-от век, до првите потресувања на светот после филмовите на Мајкл Беј, па сè до Брајан Остин Грин и Машин Ган Кели.

Еднаш пишувавме за језивата причина поради која Фокс ја снема од јавната сцена - „Конечно правда за Меган Фокс“, поточно:

Долго пред #MeToo, уште во раните обиди по секоја цена да се промовира просечниот изглед и способности, на сцена дојде Меган Фокс, натпросечно убава и згодна, талентирана и искористена за олицетворение на секс-фантазии на 16-годишници и гласна и лута поради тоа. Ни на публика, ни на феминисти, а ни на #MeToo не им беше гајле за тоа.

и

„Меган Фокс беше жртва на индустрија која ја искористи и ѝ наметна имиџ и наратив, а кога се обиде да се одбрани ја отфрлија. Медиумите беа соучесник, а јавноста само стоеше и гледаше.“

Па сепак, сите што навиваа за неа, на моменти беа оставени без коментар - да, слобода на изразување е супер, ама мораме ли да знаеме дека си ја пиете крвта со дечко ти?

Најново, Меган прво ги избриша фотографиите со МКГ, објави пост со текст од песна на Бијонсе на тема изневерување, па го избриша профилот.

Што имаше меѓу таа Меган Фокс без ниедна пластична операција, до Меган со среден нос (и друго) што ги советува младите жени прво да одат на психолог, па дури потоа да размислуваат за операција, па сѐ до исчезнувањето од пред некој ден?

Еве:

16 февруари 2023 - 13:20