Женски изуми без кои не можеме да си го замислиме денот

Просто е чудо како светот до ден-денес ги потценува жените, кога еден дожд ќе го парализираше да не беше жена.

Чудо е и како упорно важи „мажите сакаат ствари, жените сакаат луѓе“ во однос на професии, кога едно филтер-кафе немаше да испиеме да не беше жена.

Или муабетот дека жените се глупи за ориентација - жена ги има поставено темелите за денешниот ГПС.

Жена е за во кујна? Тогаш барем ќе измисли машина за миење садови.

Нема што да работи, прво деца нека гледа? Добро, тогаш со среќа без Зум и Фејстајм.

И на крај, кога веќе е ова „машки свет“, тогаш - со среќа и без вифи.

15 март 2024 - 10:34