Меган Маркл бира чуден момент да се врати на Инстаграм

Кралот е болен. Кејт Мидлтон ја напаѓаат со теории на заговор. Значи? Совршено време Меган Маркл да објави дека има нов бизнис.

Во четвртокот, едвај неколку дена откако јатрва ѝ ја презема вината за глупиот фотошоп на сликата што ја објави палатата, се појави Инстаграм профил за нешто што се вика American Riviera Orchard. Во био пишува: Од Меган, Војвотката од Сасекс.

Не ти се одвојува Меган од титулата дури и во вакви тешки ПР-времиња.

Американ Ривиера Орчард се знае дека е во домот на Хари и Меган во Калифорнија, ама друго не се знае. Инстаграм профилот има 9 фотографии кои прават една во грид, ама само лого е во прашање. Имаше и стори каде што се гледа Меган дека нешто готви, некој аранжира букет и некоја жена стои во ходник.

На официјалната страница на САД за заштита на патенти пишува дека се работи за „желеа, џемови и мармалади“, и други некои готвачи и чаршави за на маса.

Можеш и да се претплатиш на сајтот, ама на што се претплатуваш не се кажува. Веројатно може да се очекува цел бренд полн кујнски работи и брендирани тегли со џем.

Сепак, малку како да се угуши веста меѓу сите тие „да не направила шишки Кејт Мидлтон?“. Не дека допрва нема да гледаме анализи на бизнисот и рецензии за слаткото на војвотката од Сасекс.

15 март 2024 - 10:52