Каде е Кејт Мидлтон?

Една од најјаките теории на интернет е дека направила шишки, лошо било и дека сега не излегува додека не пораснат.

Последен пат, принцезата се појави на 25 декември, заедно со кралот, принцот Вилијам и трите деца на годишната прошетка до црквата Сандрингем за божиќната служба. Претходно редовно ја имаше на по неколку ангажмани неделно, како домаќинка на настани и странски гости.

На 17 јануари, палатата Кенсингтон сподели некарактеристично личен апдејт за здравјето на Кејт - дека е хоспитализирана за операција на абдомен. Не навлегоа во детали, но кажаа дека е можно да не се појави до после Велигден.

Јавноста се разбира на големо шпекулира, а официјалните одговори се  во основа „знаеме дека ве интересира, ама се надеваме дека ќе ја разберете.“

Операцијата не се знае каква била, само се знае дека била успешна, а Харперс Базар успева да дознае и дека нема врска со канцер. Нивниот Велигден паѓа на 31 март, па веројатно ќе ја гледаме од април.

Некои од теориите на заговор се брилијантни - освен шишките, некој спомна дека таа лично е Бенкси, некои споделуваат трендинг теми на Твитер кои во комбинација се „кралско семејство“, „УБИСТВО“ „Кејт“ и „Бакингемска палата“. Ја викаат и „избеганата принцеза“.

Сите мемиња и теории тука. Па, ќе збориме на 1 април.

29 февруари 2024 - 14:19