На Лили Ален децата ѝ ја уништиле кариерата

Излегува дека жените не можат баш сè да имаат во исто време.

Лили Ален, која е мажена за Дејвид Харбор од Stranger Things има две деца од претходниот брак со Сем Купер и неодамна почасти со освежувачки цинична перспектива на темата мајка/професионална пејачка.

За време на интервју во подкастот на Радио Тајмс, ја прашаа дали ѝ се променила кариерата откако родила.

„Немав некоја стратегија кога се работеше за кариера,“ одговара таа со смеење, „ама да, моите деца ми ја уништија кариерата. Ги сакам и ме прават целосна, но во однос на поп-кариера? Тотално ја уништија.“

Ален последен пат имаше албум во 2018 и кратко настапи на Гластонбери во 2022. Досега има и зборувано за паузирање од работата за да се фокусира на децата.

„Некои луѓе ја бираат кариерата пред децата и тоа е нивно право,“ вели таа. „Но моите родители беа многу отсутни коа бев мала и мислам дека тоа ми остави сериозни лузни што не сакам да се повторат на моите деца.“

Татко ѝ е актер, мајка ѝ е продуцент.

Додава и дека се нервира кога луѓето упорно тврдат дека „можеш да имаш сè што сакаш“, затоа што:

„Ако сме искрени, не можеш.“

13 март 2024 - 11:53