Грдите папучи што ги носат манекенки

Ги викаат „волшебни папучи“.

Дустабанлии и мрзи, радувајте се - Oofos е бренд за ортопедски обувки, создадени со т.н. OOfoam технологија, што апсорбира 37 проценти повеќе импакт од другите обувки од пена, плус нуди мекост и стабилност, така викаат од брендот.

И ако, како и сите ортопедски обувки ви изгледаат малку грдо, има слики од Џенифер Лоренс, Жизел Бундхен и Ешли Грин во нив, што во денешниов свет веројатно ги прави поприфатливи за до дуќан, до час по јога, или до некакви понезадолжителни гости.

Ги има во 9 бои, машки и женски и луѓе тврдат дека се неверојатно удобни.

Еден коментар вика: „Како да одам по манчмалоу и немам намера да ги соблечам.“

А бидејќи се околу 60 долари (како за гумена папуча), ветуваат повисок квалитет.

Добри се и за луѓе што имаат реални ортопедски проблеми, не само за ловци на трендови и луѓе што ги мрзи да се дотераат. Луѓе со плантарен фасцитис (необјаснива болка во стапалото) се фалат дека болката престанува во моментот кога ќе ги облечат.

Како сега ние што 2000-ти ги поминавме на штикли, а сега се колнеме во патики и тајно по дома носиме крокс, да оддолееме на оваа нова глупост што ветува „одење по облаци“?

17 март 2024 - 22:22