Каков правен факултет, ОнлиФанс му е мајката

Адвокатка која се откажала од праксата и станала ОнлиФанс изведувач кажува дека сега заработува повеќе и е посреќна. Да де.

Го видовте најбогаташкото судење на сите времиња?

Доктор во пензија тврди дека се судрил со Гвинет Палтроу на скијање и поради тоа „не можел да ужива во дегустација на вино“. Тужи, а интернетот ова го нарекува „најбелечкото судење во свет“.

Лажни лузни и конспирации за убавина

Креаторите на содржини тераат до екстреми само да стигнат до виралност.

Може ли човек да си ја засака работата со поставување на „анти-цели“?

За справување со општата досада на работа, од секојдневие до идеали, Селена Резвани, која работи како мотивациски говорник (трпение), предлага одново обмислување на начинот на кој си поставуваме кариерни цели. И излегува дека досега сѐ наопаку сме правеле.

7 тајни што мејкап-индустријата не сака да ги знаете

Можеш ти колку сакаш да се занесуваш дека а) сè ти е јасно, б) не те интересира, ама кога користиш шминка, уште па и брендирана шминка, и Јутјуб ќе ти понуди ваков наслов, кликаш и слушаш.

Како да бидеш убава - дури и со очила?

Не паѓајте во несвест, контекстот е од ‘40-те.

Првата вештерка во Норвешка

Сте виделе норвешки затвор? Е па, таков концепт имале и за инквизиција. После се расипале.

Вреди ли да пиеме колаген?

Постојат безброј креми, пилули и други производи што постојано се измислуваат и се рекламираат - меѓу нив, суплементите со колаген се особено популарни бидејќи наводно ја подобруваат кожата, косата и ноктите. И во денешно време изгледа како колаген да има кај и да се свртиш.

А бе, фино е, ама со што ќе го носам?

Аксесоари како исечени од човек. Баш фино. Јапонски уметник.

Уличната висока мода го отфрли минимализмот

На ревиите со haute couture никогаш не било едноставно, ама годинава како уште повеќе да се заинатија - нека ви текне на лавовите на Скиапарели. На улица, луѓето реагираат пригодно и адекватно. Хајлајт: тоа златното.

6 бизарни средновековни трендови за убавина

Жените никако да земат воздух од правила, трендови и инквизитори.

И Дру Баримор го брани Хју Грант

Едни мислеа дека бил незгоден со Ешли Греам, други дека едноставно бил Британец. Ние мислиме дека и онака Хју Грант никогаш не пробал да нè убедува дека е фин дечко.

Е, исто е, де.

Ви текнува на Селест, што лови, фотографии од прекрасни славни личности и ги копира, со себе во главна улога? Е па, не е запрена. Под хаштагот #CelesteChallengeAccepted, што стана вирален во 2015, се исмева со драматичните пози на манекенките, глумиците, пејачките и инфлуенсерките, покажувајќи како тоа реално изгледа, и што е побитно, како во таа поза изгледа нормално, неспремно тело. Комплетно свесна за својата појава и со инсистирање на реализам, стига до 8,2 милиони следачи само на Инстаграм, и заслужено е. Затоа што е, скоро, па исто. Скоро. На Инстаграм е @celestebarber.

Забава на Венити Фер или нискобуџетен лет до Хрватска?

Сјајот и гламурот на Холивуд одамна се избледени - автоматски и афтер-забавите не се тоа што беа.

Ни првиот целосен трејлер на „Малата сирена“ не се спаси од тролови

Си почнаа со негативни реакции уште кога се појави веста дека Ариел ќе биде црна, си продолжија до сега.

Хју Грант никогаш не нè лажел дека е фин дечко

Минатата недела, се досаѓаше дека Хју Грант бил непријатен со Ешли Греам која го интервјуираше на Оскарите. Ешли беше фина и пригодна, на Хју Грант му беше досадно. Не беше воопшто драматично, ама доволно за интернетот да се навреди.

Номинираните што добија поклончиња треба и данок да си платат за нив

Знаете како секоја година, номинираните за Оскар добиваат goodie bags - комплети со поклони вредни и по 150.000 долари понекогаш? Е па, на тоа се плаќа данок.

Доста се расфрлавме со дијагнози преку социјални мрежи

Да се потпираш на интернет за сопствените дијагнози за ментално здравје, па уште и да дијагностицираш луѓе што не ги познаваш станува загрижувачка појава.

Природна боја „од нула“

Се намалува бројот на ќошиња низ светот каде што сè уште се чува традиционалниот метод на доаѓање до нешта на кои денес сме непоправливо навикнати.

Разликата меѓу стилист од 200 и стилист од 20 долари

Има еден интересен експеримент на Јутјуб, каде што една девојка решава да ангажира двајца стилисти со огромна разлика во цената на нивното време и сите да видиме како тоа изгледа.

Лица што ги знаеме, на нивните први ревии

Ако го следите модниот свет, можеби имате омилени манекенки и можеби и им ги знаете легендарните прошетувања и насловни страници. Овде, ги имаме нивните први појави на писта, од Твиги во ‘6-те, до Каја Гербер (на Синди Крафорд) во 2017.