Тешко се наоѓаат мајстори? Добро, сама.

Не знаеме колку е реално прикажано, ама женава нашла крш и решила да го реновира, сама

Од камена ограда, до местење прозори, дури и да има помош од страна, подвигот е неверојатен. Треба вонсериско трпение (особено кога пренесува мов!) и спремни завои, ама може. Треба и да си ги знаеш ограничувањата во ентузијазмот, некои од нас на пола ќе легнеа меѓу камењата и ќе речеа „не можам веќе, ќе живеам без ѕид“. А женава имаше енергија и лустери да прави и книги да реди.

Колку од вас можат да си кажат „си изградив куќа“?

30 мај 2024 - 09:54