Нејзиното семејство жртвувало сè за да ја донесат во Њујорк, за да студира на Џулијард.
А била млада и црна и по дифолт светот ѝ правел сопки, но не се откажала. Дипломирала класична музика, но сфатила дека преку тоа не може доволно добро да се изрази како црна жена. Затоа и направила револуција вметнувајќи џез и ритамот на маките на нејзиниот народ.
Кога се појавила на сцената во Харлем во 1930-те, била неверојатна - публиката видела гениј што разрушил и расни и родови ограничувања.
Хејзел Скот била храбра и безкомпромисна - одела контра на тогаш расистички настроениот Холивуд и одбивала потценувачки улоги. Инсистирала да биде почитувана и да ѝ се обраќаат со полното име, што за црнкињи тоа време било незамисливо.
А сега, да ја чуете: