Го видовте ли Били Зејн како Марлон Брандо?

Филмот веќе некое време се спрема, ама излегоа првите фотографии од Зејн во костим и шминка - и страшно е.

Филмот ќе се вика „Валц со Брандо“, а приказната следи млад архитект од Лос Анџелес, кој Брандо го ангажира да изгради еколошки совршена градба на Тахити. Времето е доцни ‘60 и рани ‘70 кога актерот го купил приватниот остров Тетиароа и морал да продолжи да работи за да финансира еколошки проекти. Од тие причини, на пример, го има прифатено „Кум“.

Режисерот е Бил Фишман. Филмот ќе прикажува и моменти и од „Кум“ и од „Последното танго во Париз“, а базиран е на мемоарите што архитектот ги напишал за планирањето на „рајот“ на Тахити.

Били Зејн вели дека Брандо бил прв во поглед на каузи и активизам, во време кога никој не ги пипал тие работи.

„Се борел за човекови права, за домородни права, марширал со Др. Мартин Лутер Кинг и никој не му се заблагодарил за тоа,“ вели Зејн.

Него, видете каква трансформација е тоа:

26 мај 2024 - 23:14