Нетфликс има серија што не мора да се гледа по ред

Има осум епизоди, и различно се доживува приказната во зависност од тоа како ги гледаш.

Серијата се вика „Калеидоскоп“ и се работи за нелинеарна антологиска серија, што значи може да се гледа било која епизода, во било каков ред. Ако на пример, гледаш една епизода и не ти се допаѓа приказната, има шанси да ти се допадне со друга.

Дејствието е во рамки на период од 25 години и следи група искусни крадци кои се обидуваат да провалат во сеф со 7 милијарди долари.

Базирана е на релативно вистинска приказна. Авторот на проектот, Ерик Гарсија, вели дека после ураганот Сенди, акции вредни 70 милијарди долари биле поплавени во подрумот на DTCC, во сопственост на неколку големи банки.

Му се видело како совршена шанса за лоповлук.

„Калеидоскоп“ нуди „уникатно искуство“, а насловите на епизодите се бои. Без разлика дали ќе почнете со „Жолто“ или „Зелено“, секако ќе има смисла на крај - сите информации се достапни и пак ќе можете да ги поврзете настаните на крајот.

„Има прашања поставени во една епизода, што се одговараат во друга,“ вели Гарсија. „Исто така, ќе има одговори на прашања што не ни знаете дека се поставени додека не гледате друга епизода.“

Оценката на Ротен Томатос е 45, па значи или ќе биде многу добро, или не баш, ама не е лошо да се проба.

10 јуни 2024 - 11:44