Романската министерка за култура Ралука Туркан вели дека од француската модна куќа ќе побара изјава дека традиционалната романска блуза директно инспирирала парчиња од една од колекциите за 2024.
Ќе ги контактира после кампањата на La Blouse Roumaine, онлајн заедница што тврди дека се работи за културолошко присвојување, посочувајќи на сличности меѓу блузата во колекцијата и романската „иа“. Велат дека Луи Витон треба да посочи дека инспирацијата е од романското културно наследство.
Иа-та е препознаена како симбол на народната култура и во 2022 беше додадена на листата на културни наследства на УНЕСКО.
Многу е можно Луи Витон да ги остави на seen.