Да се престане со херменевтичко тинтрање мажи

Врските можат да бидат прекрасни, ги има секакви, од страсни до прозаични, и се разбира, бараат соработка и координација. Сепак, ТикТок има еден многу занимлив термин за феномен што ни се случува и ред е да го истражиме - херменевтички труд.

Самиот термин „херменевтички“ се однесува на науката на интерпретација, обично на литература, или на библијата, а целата кованица сосе „труд“ е на професорка по филозофија од Помона Колеџ - Ели Андерсон. Таа го дефинира „херменевтички труд“ како напорот што се вложува во интерпретирање на однесувањето и емоциите во врската и верува дека во нашето општество токму жените го носат тој товар на грб - од толкување зошто мајка му е нешто нервозна кога последен пат биле на гости, до интерпретација на промени во распложение затоа он што има притисок на работа.

Феноменот го начнува и Мерил Стрип во дискусија со Вашингтон пост, кога опишува дека „жените го зборуваат машкиот јазик, но мажите не го зборуваат женскиот јазик.“ Забележува дека културолошки зависи од жените да интерпретираат знаци и сигнали на машкото однесување и да го менаџираат. Сега девојки на ТикТок објавуваат реакции околу динамиката на моќ меѓу мажите и жените, по читање на есејот на Андерсон со наслов „Херменевтички труд: Родовиот товар на интерпретацијата во интимните врски меѓу жените и мажите“.

Теоретичарката Сандра Бартки има толкување за тоа зошто мажите мислат дека го признале придонесот на жените со тоа што ќе им напишат картички за Св. Валентин и ќе им дадат поклонче за 8 Март, и како жените тоа го очекуваат.

„Инсистирањето на жените на овие перформанси е мерка за нашето сопствено чувство на испостеност.“

Поентата е дека жените да не „кревале тешко“ цела година во однос на емоции, не би биле толку жедни за таа картичка за Денот на вљубените. На најосновно ниво, херменевтичкиот труд е штетен бидејќи е нееднаква дистрибуција на напор. А на уште подлабоко ниво, ги става жените во двоен оков: Од нив се очекува да проценат и интерпретираат емоции на семејните структури, но истовремено се критикувани што одвојуваат време и внимание за „женски работи“ што се несериозни. Третата причина што ова е штетно е дека на мажите не им се прави услуга со тоа што се „згрижени“, и што можат да очекуваат дека некој секогаш ќе биде присутен да биде социјален лепак за да им биде удобно.

„Пораснете дечки, и ние имаме чувства.“

Алтернатива? Следниот пат кога ќе се фатите во стапица да го интерпретирате однесувањето на партнерот, запрете и едноставно прашајте го што му е. Или, ако не ви е јасно однесувањето на некој член од семејството, тој нека ви го објасни.

Затоа што, на крај сепак херменевтичкиот труд е работа и нема потреба да се окозиме од работа што не сме ја ни барале.

6 јуни 2024 - 12:03