Време е Кевин Спејси да се врати

Вака велат и Шерон Стоун и Лиам Нисон, и други ѕвезди што го бранат и сметаат дека не му била дадена шанса да се врати на холивудското платно.

„Едвај чекам да го видам Кевин вратен на работа. Генијалец е. Толку е елегантен и забавен, дарежлив и знае многу повеќе за нашава уметност отколку што ние некогаш ќе знаеме,“ вели Шерон Стоун на која ѝ е минимум втор пат да не се плаши од медиумите што го покриваат Холивуд и кансел културата.

„Ужасно е што го обвинуваат, што го користат и што преговараат со самите себе затоа што не им успеале тајните агенди,“ додава таа.

Лиам Нисон за Телеграф вели дека е му било многу жал кога дознал за овие обвинувања, но сепак:

„Кевин е добар човек и човек со карактер. Чувствителен е, речит и не осудува, со неверојатна смисла за хумор. Истовремено е еден од нашите најдобри уметници во театар и пред камери. Јас сметам дека ѝ е потребен на нашата индустрија и дека недостига.“

За него недвосмислено гарантира и Ф. Мјуреј Абрахам, и смета дека тие што го напаѓаат се лешинари, а Стивен Фрај упати критики кон документарецот „Спејси без маска’ и рече дека,

„Да се става Кевин Спејси во ист кош со Харви Вајнстин и да се продолжува со малтретирање, да се посвети цел документарец на обвиненија што едноставно не значат криминал… Како може да е тоа пропорционално и оправдано?

Спејси уште нема работено во Холивуд откако јавно беше обвинет за сексуално малтретирање во 2017. Во 2022 го ослободија од сите обвиненија, а следната година и британски суд го пушти. Дел од обвиненијата беа повлечени, а Спејси категорично одрекуваше за сите.

Сепак, работи цело време, само не е Холивуд - последен филм му е Peter Five Eight.

26 мај 2024 - 23:33