Бјанка Џегер на коњ во Студио 54

Бјанка Џегер сака да разјасни нешто околу една ноќ во Студио 54, што се појавува на секоја ретроспектива за клубот од 1977 па наваму.

„Со Мик Џегер пешки влеговме во Студио 54,“ му има пишано на уредникот на Фајненшел Тајмс. „Пешки“ е важно затоа што гласината е дека влегла со коњ.

Како и повеќето гласини, кај што има чад има и оган - Модниот дизајнер Халстон ѝ правел забава на Џегер за 30-от роденден. Тогаш била мажена за Мик Џегер и на забавата, гол џин прекриен во златни светки ја водел Бјанка низ клубот, облечена во Халстон и Маноло Бланик, качена на бел коњ. Моментот го овековечува модната фотографка Роуз Хартман и сликата во 1977 станува еквивалент на денешното вирално, и симбол на екцесите (и забавата) на таа ера.

Некаде по пат, приказната се извртува дека Џегер влегла со коњот во клубот, дека така пристигнала, што секако би било за паметење. Но, Џегер на Фајненшел Тајмс им пишува за да им разјасни дека тоа е нечуено и дека како активист за права на животните е навредена. Во писмото до уредникот, пишува:

„Едно е да те понесе моментот и да се качиш на коњ во ноќен клуб, а друго е да влезеш на коњ.“

Објаснила и дека сопственикот на клубот, Стив Рубел го донел коњот во клубот откако ја видел на слика дека јава дома во Никарагва. Кога го видела коњот, помислила дека ќе биде интересно да се качи и да сврти крукче. Наспроти гласините, не го јавала по 54-та улица, за на крај со него да влезе во клубот.

„Често се прашувам како луѓето ја визуелизираат оваа бајка… Кај бил Мик во тоа време? Ги држел уздите и ме влечел со коњот низ Њујорк, или потчинето одел позади мене?!“

 

23 мај 2024 - 09:45