Се објави извадок и во него Роулинг дискутира за борбата за жените и проблемите што си ги направи кога прозборе за родовата идеологија. Пишувавме дека се соочи со тешки критики за изјавите за трансродовата заедница, а луѓето што ги направи популарни кратко потоа искажаа ставови контра нејзиниот.
Скоро им рече и „џабе се извинувате“.
Даниел Радклиф изјави дека е „тажен“ што сега им е таков односот, но сепак додаде и дека, без разлика што тој не би бил таму каде што е во моментов ако не била нејзината книга, сепак не ѝ ги должи сите уверувања во животот.
Сега Роулинг открива дека мислења и на други поранешни колеги воопшто не ја изненадиле. Луѓе со кои претходно работела побрзале да се дистанцираат од неа после контроверзните коментари, или да додадат на „јавното осудување на моите богохулни изјави.“
Многу поранешни колеги биле и изразено полни со подршка, но она што повеќе ја шокирало е што некои од нив сè уште сакале да се дружат со неа и потоа.
„Реално, осудувањето од одредени луѓе ми беше далеку помалку изненадувачко од фактот што некои од нив потоа ми праќаа мејлови, или преку трети страни праќаа пораки да проверат дали сме уште другари.
Работата е што тие што беа згрозени од мојот став не успеваат да сфатат колку ми е мене одвратен нивниот.
Гледав како „нема дебата“ станува слоган на тие што позираа како бранители на слободниот говор. Сум била сведок на наводно прогресивни мажи што се расправаат дека жените не постојат како легитимна биолошка класа и не заслужуваат права врз основа на биологијата. Сум слушала како одредени женски славни личности инсистираат дека нема ни најмал ризик за жени и девојчиња кога ќе дозволиме било кој маж кој се самоидентификува како жена да влезе во простории наменети исклучиво за жени, како соблекувални, тоалети или шелтери за жртви на силување.
Подобро сто жени што не се во тек со најновиот родов жаргон да пропуштат информации за јавно здравје, отколку една транс-индивидуа да се чувствува невалидно, така изгледа дека е општото мислење,“ заклучува Роулинг.