Елизабет Тејлор и Ричард Бартон што ние ги посвоивме уште во ‘70-те откако ни дојдоа, два пати се венчавале, два пати се разведувале. Цело време се сакале, ама никако не им успевал бракот. Бартон нивната љубов ја има споредено со „возбудлив вулкан“.
„Елизабет е вечна авантура за една ноќ,“ пишува во неговиот дневник. „Таа ми е приватна и лична купена љубовница. Невозможно е да се каже што сè влегува во љубовниот чин. Ќе ви кажам: Е е примач, постојан враќач на топката!
Лудо сум вљубен во неа во моментов, различно од тоа што секогаш ја сакам. Едвај успевам да се одвојам од неа и сакам да водам љубов со неа секоја минута.“
Во ноември, 1968 пишува:
„Цело време имам среќа во животот, но најголема среќа од сè е Елизабет. Таа ме претвори во примерен маж, но не и кретен, неверојатно возбудлива љубовница е и е срамежлива и умна, и не дозволува да ја прават будала. Брилијантна актерка е, поубава е од најлудите порнографски соништа, може да биде арогантна и инаетлива, мила и полна љубов. Може да ги толерира моите невозможности и моето пијанство, ја боли стомакот кога сум одвоен од неа и ме сака. Таа не може да се одреди, таа е алманах за кутриот Ричард. И ќе ја сакам засекогаш.“