„Смртта ѝ прилега“ - зад кулиси

Прво денес, како и секој ден е одличен ден да се прегледа по којзнае кој пат „Смртта ѝ прилега“, филм каде што брилјираат Голди Хоун и Мерил Стрип и филм што како деца не разбиравме зошто магнетски нè привлекува. Второ, одлично време е да се прегледаат и задкулисни разговори со главните актери и учесници.

Освежување е кога на целото ѓубре што ни се сервира, можеме да начекаме вакви клипови од филмови за кои сме немале начин во детали да истражуваме во ‘80-те и ‘90-те. Лесно е денес, гледаш филм, го бендисуваш, отклучуваш телефон и за пола саат знаеш сè што се кажало, мислело, спремало и правело околу снимањето, знаеш каде пораснал типот што го глумел продавачот во една сцена, знаеш дека камерманот е бисексуалец и режисерот има британско потекло. Се полниш со досетки и изјави кажани за време на снимањето и си легнуваш мирен.

Со Death Becomes Her тогаш не можевме, иако сакавме.

Еве сега може:

4 јуни 2024 - 11:15