Зумери реметат миленијалци за „миленијалска пауза“

Има врска со тоа што го правите пред камера и по тоа се познаваат годините.

Сигурно сте го виделе, ама треба да дојдат млади за да го посочат како „старачка работа“.

Луѓето родени како Генерација З (да повториме, доцни ‘90, рани 2010) забележале (и на Редит споделиле) едно однесување кај миленијалците и Х-ерите пред камера што им е смешно, како на сите млади што им е смешно нешто кај „старци“. И ако сакате да не ви се смеат, покрај тоа што ќе престанете да викате „вајб“ и ќе почнете да викате „тајп битс“ (?!), треба да престанете и да го правите - или барем да го исечете во лесно достапните алатки за монтажа што сега ги има на социјалните мрежи.

Се вика „миленијалска пауза“ и тоа е она почекување кога ќе се вклучи камерата, пред да почнеш да зборуваш. И тоа уште едно подзапирање, кога ќе завршиш со излагањето, па ја гасиш камерата.

Толку е.

А толку е често, што има и своја страница на Википедија, каде што се дефинира како „пауза во зборувањето на почетокот на некои видеа, особено во кратки формати и на социјални мрежи како ТикТок.“

Значи, иако официјално не се спомнуваат миленијалци во дефиницијата, сепак се користи за да се исмеваат. Чудно им е што и покрај тоа што „виновникот“ ќе го провери видеото, сепак одлучува такво да го пушти пред светот.

На Редит се шегуваат дека „ѝ треба време на лентата“, а некои се бунат дека е „многу подобро отколку на зумерски видеа каде што се секогаш изненадени што некој (сами) почнал да ги снима на сред реченица“.

Стар си кога ќе почнат младите да те реметат. Но, добро, ќе видат они, има време.

31 мај 2024 - 12:46