Зимоска беше „мрзлива пунџа“, пролетва беше kitty cut, сега доаѓа хидро боб фризура - веќе се појави на Џенифер Лопез и Сидни Свини. Мазен, мокар изглед што личи како да не сте се замарале, само што сте и не е тоа вода (затоа што ќе се исуши и ќе порасне во текот на денот) туку треба сто кила средства. Нема чешлање после настанот, само чешма.
За да изгледа како што е најавено дека треба да изгледа, косата треба да биде со должина до брада, може и нешто пократка. Стилистите за славни велат дека дава остар, речиси андрогин изглед, а косата е како брцната во сјај. И наводно е многу лесно да се постигне.
Зошто е популарно?
Боб-фризурата веќе некое време не се симнува од пиедестал, па ова е само уште една нова варијанта. Ја имаше насекаде по пистите на Париската модна недела, а во последниве два месеци, освен Свини и Џеј Ло, ја пробаа Америка Ферера и Флоренс Пју. На луѓето им се допаѓа затоа што доаѓа лето, а изгледот потсетува на плажа.
Како се постигнува?
- Се мие косата со хидратантен шампон и регенератор.
- Кога ќе ја исплакнеш, ставаш крема за измазнување или серум за коса по целата должина, цело време со чешлање.
- Ставаш сјајно масло за уште сјај и за да не мораш гел што после не може да се исчешла.
- Сушиш со фен на ниска до средна топлина за да не се раскокаат влакна каде што не им е место и за да се „заклучи“ формата. За уште помазен изглед, на некои места може да се помине и со пегла.
„Работи“ со сите типови на коса, разликата е во начинот на стилизирање - полесно се постигнува со права коса затоа што не мора да се убиеш од чешлање и мазнење.