Петрус Гонсалвус од мал го фрлаат во кафез и му даваат живо месо и храна за животни. На негова десетгодишна возраст го испраќаат како подарок за кралот Хенри II, кој прво го фрла во зандана, а потоа одлучува дека ќе прави експеримент и ќе му даде образование и ќе му дозволи да се движи меѓу благородниците.
Петрус почнува течно да зборува латински, и уште два јазика, го учат на однесување, читање, говорење, пишување, се облекува како благородник и конечно јаде нормална, зготвена храна. Сепак, заради изгледот, никогаш не го сметаат за еднаков на останатите.
Животот му се менува во неговите рани 20-ти, кога ќе умре Хенри II. Сега статусот на кралскиот двор му станува нејасен и е оставен на милост и немилост на суровата вдовица на кралот, Катерина де Медичи. Таа знаела каков шок предизвикал Петрус кога го донеле кај нив, и ѝ се чинело дека ќе биде пресмешно да го ожени и пак да забавува народ. Почнала да интервјуира девојки за брак што немале поим за кого би се мажеле, и на крај избрала една што го видела како изгледа дури пред олтарот на денот на свадбата.
Околу една година потоа, го добиле првото дете, без нарушувањето на татко му, а и второто не покажувало знаци на хипертрихоза. На воодушевување на Катерина де Медичи, третото и четвртото дошле прекриени со влакна. Сега експериментот ѝ бил успешен - да создаде „дивјачко семејство“, па почнала да ги шета по Европа, нарачала да им се направат портрети и ги поклонувала на благородници.
На крај, семејството завршува во Италија и иако се популарни, па дури и ценети, никогаш не станале слободни. Петрус побарал да добие некаков имот да го раководи, и добил, но војводата Ранучио Фарнезе што го „поседувал“ никогаш не го сметал за човек еднаков на себе. Постепено, децата со хипертрихоза биле подарени на благородници, едно завршило и кај љубовницата на војводата.
Така разрушено, семејството на крај се повлекува од јавноста и наоѓаат дом во Каподимонте, Италија, на имот што го раководи Фарнезе. Во пожолтените досиеја што се чуваат таму, пишува дека „убавицата“, Катерина Гонсалвус умрела во 1623, а последните спомнувања на Петрус се од 1617 кога присуствувал на крштевката на неговиот внук.
Во 1740, француската авторка Габриел-Сузан Барбот де Вилнев објавува приказна во колекцијата La Jeune Américaine et les contes marins со должина на роман, а потоа Жан Мари Лапринс де Бомон ја адаптира во 1756 како поучна приказна за девојчиња. Приказната била убава, со самовили, замок, татко во неволја, прекрасна заробена жена и трагичен, трансформиран принц. Приказната со наслов „Убавицата и ѕверот“ времето ја нема прегазено и веќе сме сведоци дека добива бројни адаптации на филм, телевизија и театар.
Гробовите на Петрус и Катерина Гонсалвус никогаш не се пронајдени.