Во моментов ни е на сите јасно дека комедијата не може да дише заради сите што лесно се вреѓаат од неа. Само што, порано ја гушеше другата страна.
Ко-креаторот на „Офис“, Стивен Мерчант, потсетува дека едно време левичарите беа тие што ја бранеа острата комедија и правото да се туркаат граници.
„Ми се чини дека отсекогаш имало контролирање на комедијата…,“ изјавува тој за Обсервер. Мислам дека разликата е во тоа што порано десничарите беа тие што ја контроираа. Сега левицата го прави тоа и си дозволува да биде полиција на слободниот говор. Што е баш значителна промена.“
Пред неколку децении, најгласните што бараа цензура доаѓаа од религиозната десница, а денес опсесијата со „воук“ е најголема закана за комедијата. Мерчант вели дека и неговите дела страдаат.
„Повнимателен си затоа што не ти се поминуваат недели на Твитер, во обид да оправдаш шега со која си експериментирал,“ вели тој. „Истоштувачки е да гасиш пожари насекаде. Како да има чувствителност меѓу публиката на самите зборови, пред воопшто да ја чујат шегата или контекстот. И тоа е неизбежно станува лудачка кошула - го спречува експериментирањето.“
Според Мерчант, сега има „список“ на теми што им се дозволени на комичарите, а сè друго не смее да се пипне, што е тешко за снаоѓање кога сакаш да бидеш креативен.