Еди Ведер е од наша

Еди Ведер прекина концерт на Перл Џем за да стави на место еден рагбист што се бунел против женски права.

Рагбистот е Харисон Баткер, што во моментов е на тапет поради мизогин и анти-ЛГБТ+ говор, каде што критикувал жени што работат, репродуктивни права, сурогат и ЛГБТ+ права. Го одржал на ултра-конзервативниот Бенедиктински колеџ во Ачинсон, Канзас.

Ведер паузираше концерт да го искритикува ова.

„Иронијата е дека рагбист - па добро, тој никого не соборува и не го соборуваат - но тој на мажите им кажува да не заборават да ги надуваат градите и да бидат помажествени. Да не ја изгубеле мажественоста.

Иронијата е што, кога го кажуваше тоа, изгледаше како мала пичица. Нема ништо помажествено од силен маж што поддржува силна жена.“

Ова е последно во серијата контроверзи околу Баткер кој младите машки дипломци ги охрабри да се борат против културната емаскулација на мажите, тврдеше дека „абортусот, сурогатите, ин витрото, еутаназијата и растечката поддршка за дегенеративните културни вредности во медиумите потекнуваат од упорноста на безредието.“

На жените вака им порача:

„За дамите што се присутни денес, честито за ова неверојатно достигнување. Би сакал кратко да ви се обратам затоа што мислам дека токму вам ви се кажуваат најзлобните лаги.

Некои од вас ќе водат успешни кариери низ светот, но би погодувал дека повеќето од вас сте возбудени за идните бракови и децата што ќе ги донесете на овој свет.“

Не му е доста, па им раскажува и дека е „благословен“ затоа што жена му „ја примила верата, му станала сопруга и ја прифатила една од најважните титули на светот: домаќинка.“

„Нејзиниот сон да има кариера можеби не се оствари, но ако ја прашате денес дали жали за таа одлука, без воздржување би се изнасмеала и би рекла „Не.“

Обавезно.

На Твитер еден вика,

„Во свет на Баткери, бидете Ведер. Гранџот не беше само музика, беше за свет во кој што луѓето се подобри едни кон други.“

23 мај 2024 - 11:53