Лина Данам и нејзините извинувања

Малку луѓе предизвикуваат такво превртување со очи во денешно време како Лина Данам, самопрогласениот глас на една генерација и претенциозно привилегирано дете на влијателни родители. Нејзиното дело, серијата Girls, која пројде одлично заради границата меѓу реално прикажување на девојачките проблеми во Њујорк и иритантното инсистирање на Лина да го гледаме нејзиниот лик разголен во своето психичко и физичко несовршенство, кое помина не затоа што Лина имаше многу да каже на таа тема туку затоа што е - модерно.

Печатената верзија на Teen Vogue оди во пензија

Кога се дозна минатата недела дека Конде Наст го праќа Тин Вог во историја, општата реакција беше „Зошто сега, кога баш добро му иде на брендот?” Но за првата генерација читатели што лепеа постери и исечоци по кревети и ѕидови, неговото значење воопшто не зависи од релевантноста.

Веспи, камшици и упаљачи: Сан Лоран влегува во Колет

Од 20-ти декември, легендарната концептуална продавница во Париз – Колет (за што пишувавме тука) се затвора. Нивното место, во улицата Сан Оноре веќе го мерка Сан Лоран и во 2018-та може и да си го преземе, но до тогаш, ќе се вклопува во концептот на Колет, под диригентската палка на Антони Вакарело.

Диор 999 и четирите жени што не носат црвен кармин

Храброто и долгогодишно тврдење дека црвениот кармин на Диор - 999 стои на секаков тен, инспирира екипа од Харперс Базар да го тестираат. Бираат четири жени, во четири различни нијанси, плус твист: ниедна не се фаќа за црвен кармин, барем не повеќе од 2 пати годишно.

Кејт Мос зборува за убавина

Ако ви се освестува колку сте стари – Кејт Мос е на сцена 30 години. Очекувано, манекенката што се има појавено на повеќе насловни на Вог од сите нејзини колешки, разбира по нешто кога се работи за убавина.

Аеродроми, патување и модели на Victoria's Secret

Дојде ревијата на Victoria's Secret во Шангај, а со нејзе долетаа и ангелите од сите страни на светот (како се потрефи реченицава!). Се спремаат со шнајдери и вежбање пред да излезат на сцена, а патуваат онака како што ретко ни текнува на сите нас: згодно, макар и во тренерки.

Ни треба нов хаштаг: #NotMe

Еден човек е обвинет за праќање смс порака и допирање на нечие колено. Среќа па, премиерот лансираше истрага за ова страшно тврдење.

Зошто сум анти-феминизам

„Едно време... самоуверено се идентификував како феминист.” Вака Ванеса де Ларги (колумнистка за Максим, новинарка и актерка) почнува својот бес да го истура во колумна за Хафингтон Пост. Она што следува е или врвен новинарски потег, или професионално самоубиство - а можеби и двете. Затоа што жените знаат да бидат многу језиви меѓу себе.

Money Diaries, или местото каде што жените доаѓаат да си судат за трошење пари

Еден од најмрачните ќошеви на интернетот не е ни апликација за бркање партнери ни фетиш-сајт, ни форум за радикални десничари, ни биткоин пазар. Money Diaries е колумна на Refinery29, каде што анонимни, млади жени го документираат секој динар што ќе го потрошат во текот на неделата, од Убери, до кафиња за носење, поклони за роденден, импулсивни нарачки, чоколатца пред добиено, или со еден збор – ситни возбудливи работи, за кои после им судат други жени што као, знаат како треба.

Hermès Kelly: Најскапата ташна во Европа

На 12-ти декември, Кристис во Париз ќе изложи селекција од многу ретки Ермес и Шанел ташни на аукција. Кое е главното парче? Кели ташната на Ермес, која се очекува да се продаде за сума од 60.000 до 80.000 евра. Стан.

Најдобрите гифови со кафе на Tumblr

Затоа што интернетот е полн со глупости, особено македонскиот, наше е да избереме дали ќе се будиме (или ќе го почнуваме денот) со слика од недоветни ликови, или едноставно, со кафиња што мрдкаат, бикоз - утро. Ова второво боље звучи и изгледа.

73 Прашања со Криси Тиген

„Какво е чувството да те блокира лидерот на слободниот свет?” е едно од прашањата за најстрашната манекенка на светот - ако го прашуваш Трамп. Ама ако ја прашаш нејзе, и тоа 73 случајни, занимливи прашања ќе добиеш уште позанимливи одговори.

Учиме како се збори со жени

2017-та сме, и замислете, сè уште има луѓе што мислат дека пригодна тема за пријатен разговор со жена (каде што и таа ќе се чувствува пријатно) е дали носи долна облека. Некои луѓе мислат и дека е доволно пристојно да поминеш покрај жена во град и ничим изазван да ѝ речеш „што си толку намрштена”. Некои луѓе... ма, нема крај, уствари.

Хелен Мирен: Имам тенденција повеќе да им верувам на жените

„Некои луѓе поставуваат интересни прашања и те тераат да се замислиш за работата, понекогаш и за себе, на еден нов начин. Те предизвикуваат да изустиш работи што можеби никогаш не би ги изустил. Те тераат да сфатиш нешта што не си ги сфаќал за себе или за некој проект на кој работиш.”

Апликацијата што никој не ја побара

Дали некогаш сте излегле феноменално на слика и сте си рекле „Баш ме занима како ќе изгледав на истава слика, само без шминка”? Не? Па... добро. Сега можете и тоа да дознаете. Има апликација.

Не биди турист во Париз

Messy Nessy Chic е блогот што ни ја покажа последната продавница за филмски реквизити во Париз, и ни раскажа како да посвоиме замок во Франција, а секојдневно ги части своите следачи со секакви фини куриозитети пронајдени на интернет. А ако не се пронајдени на интернет, тогаш најчесто ги наоѓа во Париз. Авторката на блогот сега има книга и веб серија.

Кога капите фатија еден бизарен правец во '50-тите

British Pathé е едно богатство од снмики што сведочат за секое поле од животот кога нашите баби и дедовци биле мали. Заради нив знаеме како пред 60 години правеле пудра, и они сведочат за постоењето на салони за убавина за мажи, матејќи им ја водата на (непостоечките) алфа-мажи. А понекогаш, чуваат и вакви работи: во еден момент, жените се такмичат која ќе извади побизарна капа.

Нека ве разбуди вибратор, затоа што алармот е демоде

Зад најновото од категоријата „Кај им текнуе” стои идејата дека нема смисла жените што сто пати стискаат „снуз” и ги шамараат сите саатчиња со аларм, да страдаат поради нивната неспособност да се разбудат рано. Постои вагинален аларм, луѓе, и се употребува точно како што мислите дека се употребува.

Ловот на расистички вештерки продолжува, а ова е ужасно глупа епизода

J. Crew и нивниот бренд Madewell моментално се на едно дигитално стрелање од една малку неверојатна причина. Интернетот им полуде дека „не се потрудиле доволно околу фризурата на нивната црна манекенка.”

Ако сте со усул, шеќерот ич не е лош

Фино е да се шират добри вести, ама помина доста време од последниот повод за частење кога дознавме дека тестенините не дебелеат. За частење беше и што Wet n Wild дојде кај нас, ама малку работи придонесуваат кон позадоволна душа како тесто и шеќер.

Кога Мерил ја сретна Ана

Мерил Стрип е на новата насловна на Вог, и за да прослави, оди во канцеларија на муабет со уредничката на Вог, Ана Винтур, според која го изгради ликот на Миранда Присли во „Ѓаволот носи Прада”.

Уште една актерка го обвини Том Хенкс дека е премногу фин

Воопшто не е фино да си селебрити фаца и машко во моментов во Холивуд. Додека периодов, нема режисер, глумец и продуцент што навечер не легнува без да се помоли „жити све да не ѝ текне на онаа дека пред 20 години ја загледав во деколте”, неколку жени истапија со изјави дека Том Хенкс е стварно еден прекрасен човек и тоа нема смисла.

Во ’60-ти имало салони за убавина за мажи

Хомофобите и алфа-мажјаците (овие вториве излезе дека се измислени, првите за жал - не), често милуваат да кажат дека денес мажите посветуваат време на својот изглед и се грижат за себе заради некакво помодарство, па очајно ќе кажат дека порано не било така. Да бевме Британци, може некој од нив ќе си го најдеше и дедо му тука.

Да не ги мислите Американците, си најдоа нова култура за бранење

Има места каде што треба мрчење – на пример зошто Скарлет Јохансон глуми лик што треба да го глуми Азијка во Ghost in the Shell. А има и пуштање трејлер за новиот, сè уште неизлезен филм каде што Бри Ларсон глуми научник што оди во Индија, и влечење на истата Бри Ларсон по патос затоа што – не ја почитувала индиската култура.