Така се топеше шминката на Ријана

Ријана направи парче со новата колекција шминки, влезе во историја на декоративна козметика, стана икона на жените во боја, и не престанува да го воодушевува светот, притоа собирајќи купишта пари. А шминката, и на слепо ја проверуваа - стварно е добра. Само што, да ни кажеше некој дека толку добро ќе изгледа и кога се уништува, немаше да веруваме.

Ова видео каде што се топи, се меле и се гори шминката на Ријана, повеќе потсетува на алтернативен краток филм каде што човек треба да најде симболика. Стајте му само два венци на почеток, да видите како ќе се најде една група чудновати, андерграунд ликови што ќе бараат религиски симбол во контур-стикот што гори, критика на општеството во сомелениот кармин и еротика во пудрата што се топи на пегла.

Во секој случај, баш е порно:

28 декември 2017 - 14:56