
Френсис Бин Кобејн не е од тие што замараат со слики од храна на Инстаграм (како сите ние). Ако сме реални, не è е ни профилот на Инстаграм некој eye-candy, ако земеш предвид дека нема толку слики од неа, колку што има рандом симпатични глупости што ѝ се интересни. Само што, никој не претпоставуваше дека производот на Курт Кобејн и Кортни Лов ќе стане една легитимна рок верзија на Марта Стјуарт во кујна.

Witchin' in the Kitchen ќе има рецепти, дневни рутини за готвење, идеи за во кујна и други корисни работи, особено сега за празници кога можеби на некои од нас ни се здосади карактеристичната празнична храна.
Во меѓувреме открива дека не може да го претстави тоа фино на stories, па се одлучува и за Јутјуб канал, моментално празен, ама вика да почекаме, па ќе почекаме.

Па чекаме. Во меѓувреме, видете, можело и поинакво свинско за Нова година.