Нема Париз активен презир кон чекање Нова година на плоштад како Њујорк што ни одговара по тоа прашање, или барем не го спомнуваат. А и зошто би, кога има свашта за правење.
1. Бурлеска на брод
La Nouvelle Seine е веднаш под Нотр Дам и може да се јаде, пие и да се гледа кабаре претстава во таен театар.
Влезот е неверојатни 30 евра и со тоа имате чаша шампањско, а и самиот ресторан не е посебно скап.
2. Balkan Gypsy Bash
Ова нас и не би ни било прв избор од познати причини, ама таму функционира. La Java е ноќен клуб стар скоро еден век, сокриен во арт деко простор во еден од помрачните делови од градот, каде што се случувале и некои од првите настапи на Едит Пјаф во ’20-ти.
Денес е убер-кич ноќен клуб што уште не одлучил што сака да биде. Некогаш има танго вечер, некогаш електронска музика, а оваа нова година ќе станува нешто што ние со задоволство би го избегнале - забава со тема: Gypsy Balkan. Од 23ч. до 6 сабајле, боемски муд и 20 евра влез (еден локален кафич во Скопје за класика дочек наплаќа 50 евра).
3. Прскање во париската верзија на Студио 54
Les Bains е одговорот на Париз на Студио 54, и како и во оригиналот, му доаѓале Боуви, Принцезата Грејс и такви некои имиња, најчесто за подиумот и базенот внатре.
Оваа година најавуваат забава „на која нема да се сеќавате дека сте присуствувале”, што почнува „во 21 часот, во ресторанот Les Bains со многу алкохол и гозба по која ќе ги заборавите добрите новогодишни желби” и ветува различни диџеи за танцување цела ноќ „додека не ве заболат нозете.” Базенот има диско светла, а влезот е 80 евра.
4. Виски со Оскар Вајлд
L’Hotel е местото каде што живеел, пишувал и умрел Оскар Вајлд со последните зборови „или тапетов, или јас”. Барот е епитом на ноншалантна елеганција, а хипнотизирачкото фоаје е одлично за виски (и гледање дупло после тоа). Се нуди и новогодишна вечера од 8 јадења и цените се од 290-400 евра.
5. Белви Рокабили бал
Во една стара фабрика за бисквити има едно Studio de l’Ermitage за танцување со жив рокенрол оркестар што ќе ве забавува до сабајле со ретро свинг и рокабили класици. На Парижани им препорачуваат резервирање однапред со карта од 39 евра, или ако имаат среќа да има уште на влез – 45. Делукс резервација со маса, 4 јадења и шише шампањско е 241 евро (околу 60 по човек) или за двајца – 163. Пожелни се удобни кондури.
6. Куќа за играње
Во една уличка на Монмартр, во поранешната вила на семејството Ермез на крајот на едни тајни скали е Hotel Particulier de Montmartre, со еден многу посебен бар наречен Le Très Particulier. Оваа година имаат маскенбал за новогодишната вечер. Луксузни коктели, секаков народ и нашетани гости.
Со фин буџет за фина вечера има романтичен оброк од 6 јадења за 350 евра по човек со бескрајно долевање шампањ. Ако само ви се игра, се влегува бесплатно, сè додека имате маска.
Вие каде?